Револуционерен зафат - нова надеж во борба со неплодноста и рана менопауза
Илјадници жени минат низ агонијата на рана менопауза, но научниците развиваат нов оперативен зафат со кој "се будат" јајниците на жените во рана менопауза или пак на оние во четириесеттите години.
Тие предупредуваат дека зафатот е испитан на мал број жени, но е вистински пробив во третманите за плодност.
Жените кои минат низ рана менопауза имаат опција за бременост со донирана јајце клетка или посвојување, но тие опции не им даваат можност за нивно генетско потомство.
Студиите покажаа дека овие жени имаат мали незрели јајце клетки, кои "спијат" во нивните јајници и постојат 2 кочници кои ги спечуваат да созреат. Првата кочница може да се отстрани со хормонална стимулација, а втората кочница се отстранува со новата операција на јајниците. Со новиот третман, јајникот се вади, сече, се третира со лекарства, а потоа една лента од него повторно се пресадува назад.
Биле третирани вкупно 27 жени, кај 5 од нив јајце клетките созреале до степен кога можеле да бидат уптребени за ин витро. Ин витрото не успало кај една жена, кај две сеуште е во тек, една е бремена, а една има здраво, машко бебенце.
Мајката на веќе роденото бебе влегла во рана менопауза уште на возраст од 25 години.
На фотографијата е бебето со Др. Kawamura - еден од истражувачите во студијата, кој лично го извршил царскиот рез.
Др. Kawamura вели:
Ноќта пред операцијата не можев да спијам, но кога го видов здравото бебе загриженоста ми се претвори во восхит.
Научниците велат дека треба да направат понатамошни испитувања, за да се утрврди дали техниката е безбедна и предупредуваат дека нема да помогне кај сите жени, но дава голема надеж. Тие се надеваат и дека ќе успеаат да го рафинираат третманот, така да веќе нема да биде потребно отстранување на јајникот.

