Дали вашиот дезодоранс е токсичен?

Во козметиката често пати се наоѓаат хемикалии на кои местото не им е таму и се ризични за здравјето. Кога ги одбирате вашите козметички средства секогаш внимателно читајте во составот.
Еве пет соедениненија, за кои треба да се погрижите да ги нема во вашиот дезодоранс.
1. Алуминиум
Пристуството на алуминиум е поврзано со рак на дојка, рак на простата и помеѓу другото на алцхајмерова болест.
2. Парабени
Парабените ја нарушуваат деликатната хормонална рамнотежа, што може да доведе до хормонално индуцирани канцери, ран пубертет кај децата, вродени дефекти, а исто така за парабените е докажано дека се токсични за внатрешните органи.
3. Пропилен гликол
Пропилен гликолот може да предизвика оштетување на централниот нервен систем, срцето и црниот дроб.
4. Фталати
Фталатите се поврзани со зголемен ризик од вродени дефекти, ги нарушуваат хормоналните рецептори и ја зголемуваат веројатноста за мутации во клетките.
5. Триклосан
Триклосанот е класифициран како пестицид и веројатен канцероген.
Доколку пак не можете да најдете соодветен дезодоранс или не сакате да користите комерцијални дезодоранси многу едноставно можете да направите своја домашна, ефикасна и безбедна верзија.

