Софија тежеше помалку од половина килограм, а сега трга на училиште

Кога се родила Софија не тежела ниту половина килограм, лекарите ја ставиле во пластична фолија со меурчиња, затоа што била толку нежна што немало да поднесе ништо друго во што би можела да се завитка.

Сега таа има 4 години, по ништо не се разликува од врсниците и веќе тргна на училиште.

Нејзината мајка Ребека, форензички научник, имала крварење уште во 7-мата недела од бременоста и мислела дека ќе ја загуби, но бебето успеало да се задржи до 24-та седмица, кога заради некомпетентен цервикс започнало породувањето. Софија се родила со царски рез, а лекарите и кажале на Ребека дека има многу мали шанси за да преживее.


Таа вели:

Денот кога Софија тргна на училиште беше толку емотивен.

Постојано си мислев на тоа колку далеку дојде - од завиткана во пластична фолија за да преживее - до спремна за да тргне на училиште.

Мојата бременост беше комплицирана од почетокот, прокрварев во 7-ма недела и мислев дека ја губам.

Постојано ги молев лекарите да го слушнат срцето на Софија за да проверат дали сеуште е жива. Бев преплашена дека ќе умре, бидејки беше родена толку рано.

Главата и беше толку мала, колку варено јајце. Само лежеше таму, толку мала и кршлива. Постојано си мислев како нешто толку мало може да преживее.


Софија кога имала 13 недели и била направена операција за да се затворат залистоците на срцето, се јавиле компликации и нејзините органи почнале да откажуваат.

Ребека вели:

Тоа беше дното, навистина мислев дека ќе ја загубам, после сите недели борба. Лекарите ми кажаа дека се бори да преживее. Морав да одлучам дали да дозволам да си замине или да и дадат лекарства за да се обидат да ја одржат во живот, кои можеа да ја остават со церебрална парализа.

Ја држев и решив дека мора да ризикувам и да дозволам да и го дадат лекот.

Восхитувачки, Софија се изборила и почнала да закрепнува без да има потреба од лекот.

Ребека вели:

Никој не можеше да поверува. Беше толку слаба, а почна да закрепнува без лекот. Бев толку горда на неа.

После 5 месеци Софија била пуштена во својот дом.



Мајката вели:

Сакав да им дадам подршка на другите мајки кои можат да се најдат во мојата позиција и да им покажам дека се е возможно.

Мојата Баб е доказ дека нешто толку мало може да преживее и да продолжи со нормален живот. Таа помина толку многу работи откако се роди, но се избори низ сето тоа.

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com