Мајките кои се гушкаат со бебињата веднаш по породувањето имаат поуспешно доење

Жените на кои бебињата им се даваат во прегратка веднаш после породувањето, уште во родилната сала, и веднаш им е овозможен контакт кожа со кожа со бебето, имаат поголеми шанси дека успешно ќе го дојат понатаму.

Експертите ги советуваат лекарите и акушерите да им дадат на мајките максимална можност за да го имаат тој контакт кожа со кожа, уште на самиот почеток.

Ова особено важи за мајките кои планираат да дојат.
 
Авторот на студијата, др. Darshna Bhatt, вели:

Доењето е една од најлесните работи кои можеме да ги направиме за бебињата, за да се осигураме дека ќе растат здраво. Иако контактот кожа со кожа е позитивно поврзан, сепак статистички значаен фактор е намерата на мајката.

Др. Bhatt заедно со колгите од Детскиот Медицински Центар на Њујорк ги простудирале досиејата на 150 предвремено родени и здрави бебиња, родени во Њујоршката болница, за да проверат дали мајките имале непосреден контакт со бебињата уште во родилната сала. Исто така ги земале во предвид и намерите на мајките - дали тие планирале да дојат, како и детали околу породувањето, возраста, дали породувањето било со царски рез и гестациската возраст на бебињата.

Од 150 испитани породувања, 53% имале контакт кожа со кожа уште во родилната сала. Околу 2/3 третини од мајките имале намера за ексклузивно доење на бебето, но само 28% успеале во тоа.

Контактот кожа со кожа бил значително важен за ексклузивно доење, независно од возраста на мајката, начинот на породување и од тоа дали мајката била прворотка.

Др. Darshna Bhatt вели дека има синергистички ефект помеѓу намерата и контактот кожа со кожа, и дека тоа ги зголемува шансите дека мајката ќе дои.

Таа вели:

Мораме да создадеме интердисциплинарен пристап за зголемување на свесноста и намерата. Кога мајките ќе изјават дека имаат намера да дојат, нема причина зошто да немаат контакт кожа со кожа со нивното бебе уште во родилната сала.

 



Претходни студии покажаа дека бебињата кои се постојано во контакт со кожата на мајката - така наречената "кенгур мајчинска нега" побргу закрепнуваат по медицинските процедури. Кенгур негата се има покажано и како особено полезна кај предвремено родени бебиња, но научни студии покажаа дека и помага и на мајката.