Фреди - првото ин витро бебенце во Британија зачнато со музика

Фреди е зачнат со ин витро техника, која вклучува пуштање на музика на оплодените јајце клетки. Се покажало дека стапките на оплодување со оваа техника се за 5% повисоки.

Зачнатите бебиња немаат способност да слушаат музика се до 14-та недела од бременоста, така да се смета дека клуч за поголемата успешност на оваа техника се вибрациите од музиката.

Родителите на Фреди пред да се обидат со иновативната техника, веќе зад себе имале 2 спонтани абортуса и едно неуспешно ин витро.
Испитувањата покажуваат дека малите вибрации произведени од музката му помагаат на оплодувањето.

Родителите на Фреди велат дека тој има природна љубов кон музиката:

Уште рано приметивме дека музиката многу го привлекува. Отсекогаш сакаше да му пееме и кога слушаше музика беше поопуштен.

Се надеваме дека кога ќе му кажеме на Фреди за музичкиот елемент во неговите почетоци, тоа ќе му помогне да се чувстува посебно.

Фреди


Фреди бил зачнат во Барселона, во клиника за плодност, каде истражувачите проучуваат дали пуштањето музика во ин витро лабораториите може да ги зголеми шансите за оплодување.

За таа цел тие земале речиси 1000 јајце клетки, инјектирале сперматозоиди во нив и ги оставиле во садови во инкубатори.

Потоа во половина од инкубаторите ставиле звучници и постојатно имало пуштено музика. Музичката листа вклучувала поп песни од Мајкл Џексон и Мадона, потешка музика како Нирвана и Металика и класични дела од Бах, Моцарт и Вивалди.

Научниците откриле дека стапките на оплодување биле околу 5% повисоки во инкубаторите во кои се пуштала музика.

Се чини како секој вид на музика како да имал подеднакво добри резултати.

Во природни услови оплодената јајце клетка се спушта низ јајцеводите и е подложена на контракции во матката, што прави да поминува низ лулање.

Научниците претпоставуаат дека вибрациите кои го создава музиката го олеснуваат преминот на хранливи материи и отстранувањето на токсичните материи во клетките, што ги зголемува шансите за успех на ин витрото.

Шпанскиот истражувач Carolina Castello, вели дека нема никаква штета ако и паровите кои се обидуваат да зачнат по природен пат се обидат да го прават тоа додека имаат пуштено музика. Таа додава:

Музиката е полезна за се.

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com