Причини за лажно негативен тест за бременост

Понекогаш тестот за бременост може да покаже дека нема бременост, а жената всушност да е бремена.

За да ги намалите шансите за лажно негативен тест најдобро е да купите тест со висока чувствителност на hCG (human chorionic gonadotropin - хормон на бременост).

Најголемиот дел од лекарите ќе ви советуваат да направите тест за бременост откако веќе вашата менстурација ќе доцни или 14 дена по зачнувањето за да ги избегните нервозите со лажно негативните тестови.


Причини заради кои тестот може да биде лажно негативен


Постојат повеќе причини за тестот да не покаже бременост, иако ја има.

 

Погрешно време на читање на тестот



Најчеста причина е погрешното време на читање на тестот. Исклучително важно е да го прочитате упатството и да го дознаете точното време за кое тестот треба да реагира за да ја покаже точната состојба.  На некои тестови им треба 2 минути за реакција, а на некои 4 или 5, други пак се читаат до 10 минути после тестирањето. Прочитајте го упатството за тестот уште пред да го направите тестирањето. Внимавајте да не го држите тестот отворен премногу долго, затоа што така може да даде погрешен резултат.

 

Прерано тестирање



Друга честа грешка е прераното тестирање во еден циклус. Постојат тестови со различна чувствителност на hCG во урината, а кај некои жени може hCG да почне да се лачи малку подоцна, затоа и се дава препораката да чекате 14 дена од зачнувањето. Ако сте нестрпливи и го направите тестот порано има голема можност да бидете бремена, а тестот да е лажно негативен.

 

Неправилна употреба



Друга причина за лажно негативен тест може да биде неправилната употреба. На пример тестовите во форма на ленти се држат под млаз од урина и постои можност да не се натопат убаво или да се држат под млазот премногу кратко време.

 

Помонат рок на употреба



Секогаш проверете го датумот на производство на тестот. Ако е поминат рокот на употреба резултатите можат да бидат неверодостојни.