Кога менструацијата доцни, а тестот за бременост е негативен
Доцнење на менстуралниот циклус, со негативен тест за бременост не е никаква реткост, така да нема причина за да ве фаќа паника. Кога велиме дека доцни менстуалниот циклус, всушност најчесто зборуваме за тоа дека задоцнила овулацијата за некој ден, па затоа се одложило и доаѓањето на менстурацијата. Не мора да се работи за нешто страшно, едноставна промена во дневната рутина, дали емотивна, дали физичка, може да ја одложи овулацијата за неколку дена. Постојат повеќе причини заради кои менструалниот циклус може да доцни, еве некои од нив:
Причини за доцнење на менстурален циклус
- Почнување со контрацепција или прекин на контрацепција
- Преголем стрес
- Промена во исхраната
- Тешка активност
- Нередовна менстурација
- Недостаток на сон
- Патување
- Анксиозност
- Болест
- Некои лекарства
- Перименопауза или менопауза
- Промена во хормоните
- Дебелина или премала тежина
- Проблеми со тироидната жлезда
Причини за негативен тест за бременост
Во случај на бременост, тестот може да покажува дека е негативен (лажно негативен тест за бременост) ако го направите премногу рано - кога нивото на трудничкиот хормон hCG(Human Chorionic Gonadotropin) не е доволно големо за тестот да може да го регистрира. Најсигурно е да почекате циклусот да ви задоцни, па да направите тест.
Тестот за бременост може да биде лажно негативен и ако не ги следите точно упатствата за негово правење или ако претходно сте пиеле премногу вода, па концентрацијата на hCG во урината е премногу разредена за тестот да ја регистрира. Исто така треба точно да го запазите времето на читање на тестот - според упатството, а кај различни тестови може да биде различно.
Што да направите ако циклусот ви доцни, а тестот е негативен
Ако сте загрижени најдобро е да се јавите кај вашиот лекар. Во лабораторија можете да направите и тест за бременост преку крв, за со сигурност да се исклучи таа можност. Друга алтернатива е да почекате 2-3 дена и да го повторите тестот или да купите тест со поголема чувствителност на трудничкиот хормон, кој би можел порано да ја регистрира бременоста.



