Царскиот рез ја ослабува микрофлората кај бебињата и носи зголемен ризик од алергии

Во студија на деца во Шведска, биле следени 24 бебиња до две годишна возраст. Девет од нив биле родени со царски рез, а 15 биле родени природно, со вагинално породување.
Децата кои биле родени со царски рез имале послаб диверзитет на микрофлора додека биле следени во првите две години од животот, отколку оние кои биле родени вагинално.
Особенo била јасна разликата кај бактероидите - за кои се смета дека нудат заштита од алергии. Децата кои биле родени со царски рез повеќе страдале од алергии на храна, но исто така кај нив почесто се среќава и синдром на иритабилни црева и дијабетис.
Maria Jenmalm, професор по експериментална алергологија вели:
Понекогаш царскиот рез е неопходен, но исто така е важно трудниците и лекарите да бидат свесни дека таквиот начин на породување може да влијае врз здравјето на детето.
Се досега индицира дека бебињата се раѓаат со целосно стерилни црева. Колонизацијата со разни бактерии е неопходна за да се развие и да созрее имунолошкиот систем во првите години од животот на детето. Ако тоа не се случи, има опасност дека организмот пртерано ќе реагира на безопасни антигени од неговото опкружување, на пример на храна. Децата кои страдаат од овие алергии имаат 6 пати поголем ризик за развој на астма во нивниот училишен период.
Со природното породување децата се изожуваат на бактериите од мајчиниот роден канал, а тоа им дава добар старт за формирање на сопствената микрофлора.
Во Пуерто Рико во тек е студија врз трудници, при која по породувањето со царски рез бабицата става на газа дел од вагиналните секрети на мајката и ја става на лицето на бебето. Слична студија се планира и во Шведска, а целта е да се види дали на тој начин ќе им се помогне на бебињата родени со царски рез да добијат подобар почеток за развој на микрофлората.
Децата кои се родени со вагинално породување имале поголема концентрација и на Th1 клетки, кои се задолжени да ги инхибираат алергиските реакции на организмот.
Цревната микрофлора може да се смета како најголем орган во телото. Во тенкото и дебелото црево кај возрасна личност има барем 10 пати повеќе бактерии, отколку клетки во организмот. Кај луѓето има над 100 вида различни видови бактерии во цревната микрофлора. Овие бактерии се хранат со она што ние го јадеме, а за возврат ни овозможуваат повеќе видови услуги. Една од нив е што некои од нив лачат природни супстанции, слични на антибиотиците, кои ги убиваат штетните бактерии.