Доминантните родители во домот влијаат врз самопочитувањето на децата
Самопочитувањето кај децата е поврзано со однесувањето на оној родител кој се смета за помоќен во домот. Ова е заклучок на студија на Универзитетот во Сасекс.
Психолозите интервјуирале 125 семејства од Западен Лондон. Дел биле со Британско, а дел со Индиско потекло.
Тие откриле дека децата со британско потекло, кои имале мајки со повеќе негативни родителски особини, како ладност, нападност, недостаток на спроведување на дисциплината и контролирачко однесување - имале помало самопочитување. Кај децата со индиско потекло пак однесувањето на таткото имало поголемо влијание.
Во индиската култура мајките имаат инфериорна позиција како во домот, така и надвор од него. Татковците се сметаат за глава на семејството, во однос на моќта и нивната улога во дисциплинирање на децата. Овие разлики продолжиле да постојат и покрај тоа што семејствата веќе мигрирале во Британија.
Во Западните култури иако делумно сеуште патријахални, мајките имаат централна улога во домот и често се одговорни за грижата и дисциплината на децата. Како резултат на тоа, тие се оние кои имаат пресудно влијание врз самопочитувањето на нивните деца
Др. Alison Pike, коавтор на студијата, вели:
Мајките и татковците играат различни улоги во различни култури, овие откритија ја нагласуваат важноста на овие различни структури на моќ, кои се базирани врз полот и нивното влијание врз самопочитувањето на децата.