Пресните мајки запаѓаат во депресија заради чувството дека мора се да направат како што треба

Грижите на новите мајки се многукратни, тука спаѓаат парите, практичната помош околку одгледувањето на детето итн. Но она што создава особено голем притисок врз мајките е нивното чувство дека се мора да направат совршено.
Направена е анкета на 1500 мајки, кои страдале од депресија. Грижите за работата и парите и чувството дека не можат да се справат со тоа биле присутни кај 12%, додека пак 22% од мајките чувстувале притисок да направат се како што треба, а 21% имале потешкотии заради недостаток од емотивна и практична подршка.
Од оние мајки кои ќе развијат депресија, 43% не сакаат да излезат од дома, 22% имаат самоубиствени мисли и 30% страдаат од симптомите подолго од 18 месеци.
Депресијата честа последица од притисокот врз новите мајки
Анкетата била спроведна во Велика Британија од неколку здруженија, како Netmums, добротворната детска организација Tommy's и Кралскиот Колеџ за акушерки.
Огромен број од мајките не ги споделувале своите проблеми со никого.
Sally Russell, основач на Netmums, вели:
Депресијата за време на бременоста или после неа може да биде страшна за мајката, но таа исто така влијае врз целото семејство.
Болеста го краде од семејствато она што треба да биде најсреќно време во нивниот живот, кога ќе го пречекаат новиот член.
Јасно се гледа дека со општествените промени, подолгите работни саати, малкуте семејства кои живеат блицку за да си помагаат, безмилосните медиуми, создаваат притисок врз новите мајки да изгледаат и да се чувствуваат совршено, а тоа е вистинска опасност за оваа болест да биде во подем.
Jane Brewin, директор на Tommy's, вели:
Бременоста и мајчинството се искуства кои го менуваат животот, згора на сите физички промени и нови одговорности, многу жени се уплашени дека ќе направат нешто погрешно или се во страв дека нема да успеат како мајки.
Бременоста сите ја сметаат за среќно време, а тоа на многу жени им ја отежнува можноста да се отворат кога се чувствуваат под притисок, загрижени или депресивни.
Менталните здравствени проблеми во бременоста можат да имаат последици врз бебето и мајката, затоа треба да создадеме здраво општество и здравстен систем, каде жените ќе можат да ги искажат своите чувства и да добијат подршка и помош според потребите.