Се за бременост, бебиња, деца, за здраво семејство
You are here
Што кажуваат мајките и што всушност мислиме
Немој да ме тераш да дојдам таму. - Навистина не сакам да станам или да ја прекинам работата што ја работам во моментов.
Бидејки јас реков така. - И навистина не ми текнува друга причина.
Ако немаш да кажеш нешто убаво, тогаш не кажувај ништо. Се надевам дека нема да кажеш ништо, барем во следните 30 секунди.
Веднаш да прекинеш со тоа! - Ако прекинеш сега веднаш, пред да морам да станам и да дојдам таму, можеме да заборавиме на тоа што се случи.
Не ме терај да ја завртам колата назад. - Целосно блефирам, ако ја завртам колата, ќе треба да се вратиме дома без потребната храна, пелени или вино. Потребно е колава да се држи на пат кон таа дестинација, затоа те молам наседни на мојот блеф и ќе ти купам колаче кога ќе стасаме во продавница.
Немој да заборавиш да кажеш "те молам" и "благодарам". - Не сум сигурна што ќе направам ако не ги кажеш овие работи, затоа те молам само кажи ги. Ќе изгледаш културно, а јас ќе изгледам како добра мајка и сите ќе бидеме добитници.
Јадете го вашиот зеленчук и сите ќе порастете и ќе бидете големи и силни. - Всушност не сакам да му признаам на вашиот педијатер дека не можам да ве натерам да јадете здрава храна и исто така не сакам да лажам, затоа ве молам каснете само неколку залчиња. Ве молам, ќе ви дадам колаче.
Добро си. - Добро си нели? Трчај наоколу и играј си, скокај од каучот или одбиј да го јадеш зеленчукот за да знам дека се однесуваш нормално.
Јас сум родителот, а ти си детето. - Свесна сум дека ова е супер јасно и дека ти веќе знаеш кој е кој тука, но всушност само си зборувам сама на себе гласно. Всушност, не ти зборувам тебе.
Ајде да се обидеме да не јадеме од подот. - Не ми е грижа дали ќе јадеш од подот, само не кажувај на никого дека ти дозволувам.
Кога бев на твоја возраст немаше да можам да се извлечам со тоа. - Всушност не се ни сеќавам дека сум била на твоја возраст, но звучи добро.
Ќе бројам до 3 и подобро дотогаш да си во кревет. Буквално веќе немам енергија, крај на денот е и само сакам сите да си легнеме.
Добра ноќ, остани во кревет. - Те молам, те молам остани во кревет. Толку сум уморна вечерва, што всушност можам да се преправам дека си во кревет ако станеш за да си играш. Ќе бројам до 3 многу бавно и се надевам дека тоа ќе работи, оти после тоа не ми останува ништо друго.
Те сакам. - Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш. И навистина се надевам дека добро ја извршувам целата оваа мајчинска работа.