Има денови кога се чувстувам потполно некомпетентна
На пример денес. Подот на мојата спална соба е покриен со играчки, книги и облека. На наткасната има премногу чаши за вода. Кујната ми е хаос, нуспојава од инсистирањето на мојот син да правиме пита од јаболка. Сите платнени пелени на мојата ќерка се извалкани, затоа е во еднократни. Речиси е пладне, а јас сеуште не сум облечена. Мојот син веројатно го гледа третото или четврто ТВ шоу денес. Ох, и сеуште не направив ниту ревизија, која и ја ветив на мојата новела за денес.
Не сум ги однела децата на игралиште со векови. Треба да го прошетам моето куче. Сите овие мали суштества понекогаш како да постојат за да ме мачат со вина и ... некомпетентност.
Не сум од оние мајки кои стасуваат се. Повеќе сум од оние кои само се смоткуваат. А ова е моја работа, јас сум мајка која седи дома. Или, всушност сакам да мислам за себе како мајка која работи од дома. гледам како да поминам неколку часа пишувајки, читајки, ревидирајки, поврзувајки се со други писатели итн., но бидејки тоа сеуште не почнало да ги плаќа сметките...
Нема да лажам, ова е прилично ужасно чувство. Се чувстувам како да жонглирам. Лошо.
Но имам рецепт за овакви денови како денес, кога не се чувстувам доволна.
- Читам книга со мојот син. Се восхитувам колку многу букви знае.
- Уживам во доењето на ќерка ми додека заспива.
- Ќе завршам некоја мала работа низ дома.
- Ќе прочитам едно поглавје од добра книга.
- Ќе ги изнесам децата на пола саат надвор. Ќе го земеме и кучето.
- Ќе ги бакнам моите две деца. Ќе им кажам дека ги сакам.
Повторувам.
Мојата куќа можеби не е чиста. (барем не сите соби во исто време) И моите деца можеби гледаат повеќе телевизија отколку што би сакала. Може да јадеме само переци за ручек и можеби нема да можам да го убедам син ми дека зеленчукот е добар.
Но метрото со кое одбирам да се мерам, барем денес, е дали моите деца се чувстуваат сакани и здрави и безбедно. И да, такви се. Затоа, ова е добар ден.