Нова кампања се обидува да ги предупреди бремените идни мајки, како и мајките на малите деца за ефектите од нивната исхрана врз нивните деца. За цел на кампањата направени се фотографии на бебиња кои цицаат, додека дојките на мајките се насликани да личат на разни нездрави оброци (чизбургер, слатки, газирани пијалоци и сл.).
Може да се најдат многу фотографии од раѓање на бебињата, но фотографката Kristen Prossen сакала да ја овековечи на фотографии првата средба помеѓу родители и посвоено бебе. За тоа и се укажала прилика кога нејзините пријатели David и Sarah Olsen требало за прв пат да ја сретнат својата ќеркичка Тили.


