Бебињата почнуваат да учат уште во стомакот на мајката
Група научници од Универзитетот на Хелсинки открија дека процесот на учење кај бебињата почнува многу порано отколку што се мислеше. Бебињата почнуваат да учат уште пред да се родат.
Научниците покажале дека бебињата почнуваат да го учат јазикот уште во третото тромесечие од бременоста.
За да ја потврдат нивната хипотеза тие на бремените мајки им дале снимка со лажен, измислен збор и од нив било побарано да ја слушаат снимката во последното тромесечие од бременоста. Од трудниците се барало да ја слушаат снимката неколку пати во текот на секоја седмица. На снимката измислениот збор бил вметнат помеѓу други звуци и бучава и се повторувал повеќе пати.
Кога се родиле бебињата истражувачите со помош на електроенцефалографија (ЕЕГ) утврдиле дека мозокот на бебињата го препознава измислениот збор што го слушале додека биле во стомакот на мајката. Електричнот одговор на мозокот покажал дека бебињата го паметат и го знаат зборот.
Ова докажува дека јазикот почнува да се развива многу порано отколку што претходно се мислеше, уште пред да се родиме.
Уште еден восхитувачки факт за животот пред раѓањето и неговата комплексност.