Убавината на женското тело по породувањето: Мајки се борат против притисоците за враќање на старата линија
Група мајки направија серија од моќни црно бели фотографии, со кои сакаат да ги охрабрат другите мајки кои се соочуваат со притисоци веднаш после породувањето да се вратат во претходната форма.
Фотографката Natalie McCain ги фотографирала новите мајки 3-6 седмици после породувањето за нејзината серија од фотографии, наречена "Откако бебето ќе се роди", кои се дел од нејзиниот проект со кој сака да ги охрабри жените да ги сакаат своите тела и да им помогне да се изборат со притисоците. Таа вели:
Општеството става голем притисок врз жените за да се вратат во старата форма после раѓањето и јас сакам да им помогнам да го скршат тој круг. Овие жени ги разголуваат своите срца и души за да помогнат во прикажување на разните варијанти на тела после породувањето.
Телото кое донело на свет нов живот треба да се почитува и сака, тоа е способно и моќно. Убавината доаѓа во разни облици и форми.