Како да му помогнете на детето кога се досадува
Денешниот свет е презатистен со технологија и на дланка ни се достапни многу нешта. Така, не изненадува тоа што нашите деца сакаат да бидат постојано забавувани. Во минатото децата многу повеќе ја користеле нивната фантазија за да се занимаваат себе си додека нивните родители работеле или се одмарале. Наместо тоа, денес секое дете има безброј играчки и технолошки направи, а фантазијата има многу помал дел од животот. Кога чекаме во редица често пати ќе му го дадеме телефонот на детето за да се занимава, од страв да не направи гужва или тантрум.
Еве неколку совети за моментите кога детето ви вели: Здодевно ми е!
1. Немојте веднаш да му понудите некаква технолошка направа или играчка.
Наместо тоа, покажете му дека знаете како се чувстува и кажете: Знам дека не е забавно кога ти е здодевно, понекогаш и мене ми се здодевно. Но, сигурна сум дека ќе смислиш нешто за да го решиш тој прболем. Така ја префрлате одговорноста на него, да најде нешто што ќе прави. Ако детето продолжи да се жали, предложете му "тивко време", кога ќе остане само и можеби ќе чита. Поголемиот број на деца брзо ќе изнајдат друга опција.
2. Планирајте однапред
Седнете заедно со детето во период кога не му е здодевно и замолете го да направи список со работи кои сака да ги прави. На пример, можеби сака да бои, да си игра со одредени играчки, да прошета со кучето итн. Здодевно му е? Нема проблем. Кога ќе дојде кај вас и ви каже дека се досадува, извадете ја листата и предложете му да одбере нешто од неа.
3. Дајте му задачи кои ќе направат да се чувстува важно и од помош
Повеќето родители знаат дека давањето на работа на децата подоцна може да значи уште повеќе работа за нив. Но, во секој случај важно е вашето дете да се чувстува полезно, дека и тоа понекогаш ви помага низ дома. Ова ќе му помогне да биде окупирано, додека вие се обидувате да ја завршите вашата работа. Направете лист на работи, кои нема да бараат постојано надгледување, на пример да избрише нешто и сл.