Свирењето музички инструмент кај децата го помага не само развој на мозкот, туку и борбата со анксиозност и притисоци

дете свири на виолина

Во најголемата студија за поврзаноста на свирењето на некој музички инструмент и развојот на мозокот, тимот на психијатри од Универзитетот на Вермонт, открил дека музучкото обрзование им помага на децата да го фокусираат нивното внимание, да ги контролираат нивните емоции и да ја намалат анксиозноста.

Како што растат децата, така се менува и дебелината на кортексот - кората на мозокот. James Hudziak, проф по Психијатрија и неговиот тим со помош на магнетна резонанца откриле дека дебелината на надворешниот слој на мозокот се менува во специфични области и ја рефлектира појавата на анксиозност и депресија, проблеми со вниманието, агресија и проблеми со контролата кај здравите деца. Научниците сакале да утврдат дали позитивната активност, како вежбањето музика, може да влијае врз овие индикатори во кората на мозокот.

Тие пронашле доказ (онака како и што очекувале) дека свирењето музички инструмент ги менува моторните области во мозкот, бидејки активностите бараат контрола и координација на движењата. Уште поважно, тимот открил и дека свирењето ги променило и областите во мозокот, кои се поврзани со регулирање на однесувањето. На пример, музиката влијаела врз дебелината на делот од кортексот, кој е поврзан со "извршно функционирање" - како работната меморија, контролата на внимание, како и организацијата и планирањето на иднината, велат авторите.

Музичката позадина на детето исто така била поврзана со кортикалната дебелина на областите во мозокот, кои имаат критична улога во инхибиторната контрола, како и аспектите на емотивното процесирање.

Hudziak вели дека свирењето на виолина може да им помогне на децата да се борат со психолошките нарушувања подобро од шишенце со пилули. Тој вели:

Ги третираме работите, кои резултираат од негативните работи, но никогаш не се обидуваме да употребиме позитивни нешта како третман.

Авторите на студијата ја потенцираат виталната важност на пронаоѓањето на нови, ииновативни начини, музичката обука помеѓу младите да стане подостапна, почнувајки уште од детството.