Дали можете да забремените додека доите

Да, додека доите можете да останете бремени. Жените кои дојат имаат намалена плодност, но не се и неплодни.

Првата јајце клетка по породувањето се ослободува уште пред да ја добиете првата менструација. Од оваа причина нема да знаете дека сте овулирале (и сте биле плодни), се додека 2 недели по овулацијата не ја добиете и првата менструација.

Ако не сакате да останете бремени додека доите, користете заштита. Најдобро е да користите механичка контрацепција, како кондом или дијафрагма.

Ако практикувате ексклузивно доење и го доите бебето дење и ноќе вашата менструација може да се одложи и за една година. Ако пак вашето бебе спие во текот на ноќта или го прихранувате, веројатно дека првата менструација ќе ја добиете многу порано, обично за 3 - 8 месеци.

Со други зборови, во принцип колку почесто го доите вашето бебе, толку повеќе време ќе помине до првата менструација по породувањето. Стручњаците сметаат дека тоа се случува затоа што доењето ги снижува хормоните кои ја предизвикуваат овулацијата.

Ако сакате да бидете сигурни дека нема да забремените, користете контрацепција веднаш штом ќе започнете повторно со сексуални односи.