Развој на бебето по месеци
За време на првата година од животот, најдобро нешто за развојот на вашето бебе е средина полна со топлина и љубов. Држете го вашето бебе, галете го, зборувајте му, одговарајте на неговиот плач; ова е есенцијално за формирање на здрава и цврста врска со него.
Што влијае врз развојот на бебето
Темпераментот
Темпераментот е една од работите кои влијаат врз однесувањето и тоа е вродено кај бебето. Некои бебиња едноствано ќе бидат први што ќе се искачат за да видат нешто, први што ќе проодат итн. Некои пак се попретпазливи и секогаш прво ќе сакаат да размислат пред да направат нешто.
Природните силни страни
Сите си имаме силни и не толку силни страни. Некој е добар во спортување, некој во вербално искажување итн. Талентите кои ги има детето можат да се покажат веќе во првата година. Не е ништо чудно оние бебиња што рано ќе прозборат покасно да имаат талент за пишување, говорништво и сл. Но сепак не значи и дека она бебе кое покасно прозборело дека нема да биде добро во говорно изразување покасно.
Предвремено породување
Бебињата кои се предвремено родени најчесто покасно ги постигнуваат работите од другите деца, но до втората година вообичаено ги стигнуваат своите врсници. Дури некои педијатри советуваат од бебето да се очекува да напредува според возраста кога би бил терминот за раѓање. На пример ако се родило 2 месеци порано за очекување би било да на 4 месеци да ги има достигнувањата кои другите бебиња би ги имале на 2.
Запомнете дека и здравите бебиња во некои области можат да напредуваат малку побавно. Сепак има некои работи кои би укажувале на евентуални проблеми или пречки во развојот.
Знаци на предупредување:
- Ако бебето заостанува со развојот само во една област, најчесто не се работи за проблем и накоро ќе ги достигне другите деца. Но доколку има забавување во повеќе области можете да разговарате со неговиот педијатар. На пример ако има 15 месеци, а не оди и не зборува, изгледа како да живее во свој свет, не е заинтересирано за околината, не ви обрнува внимание кога ќе му се обратите и сл.
- Ако има заостанување од 2 месеци или повеќе во една област. На пример ако има 7 месеци, а се уште не се смее.
- Ако не реагира на вашиот говор. Типично бебиња на 1 година ако им речете да ви дадат некој за нив добро познат предмет, тие ќе го направат тоа. Кога бебето е 8-12 месеци и го прашате каде е неговата омилена играчка би требало да ви ја покаже.
Не се оптоварувајте
- Не се оптоварувајте непотребно, имајте впредвид дека бебињата си имаат свое темпо и брзина на развој.
- Немојте да го споредувате вашето бебе со други бебиња, нормално е да има големи разлики.
- Побарајте помош ако има екстремни отстапувања. Како што кажавме отстапување во една област не е причина за загриженост.
- Немојте да се сконцентрирате на читање што треба бебето да прави и анализирање на она што го прави. Опуштете се и уживајте во уникатноста на вашето бебе, радувајки се на секоја совладана нова вештина.
Месец 1 Месец 2 Месец 3 Месец 4 Месец 5
Месец 6 Месец 7 Месец 8 Месец 9 Месец 10