Пумпа за измолзување

Пумпата за измолзување е од огромна помош за мајки кои сакаат нивното бебе да пие мајчино млеко и кога тие не се дома. Многу често ги користат мајки кои мораат да тргнат на работа, но исто така и жени кои повремено имаат работа надвор од дома.

Постојат разни видови на пумпи за измолзување. Вашиот правилен избор ќе ви помогне да избегнете болка во брадавиците, затнување на млечните канали, да имате доволно млеко и да немате проблем со исхраната на вашето малечко.

Без разлика која пумпа ќе ја одберете добро е да почнете со нејзина употреба 2-3 недели пред да го оставите бебето со некој друг, кога доењето е веќе добро воспоставено. Имајте во предвид дека можеби ќе ви треба време додека се прилагодите на пумпањето.

Главно има 2 вида пумпи: електрични и рачни. Еве неколку општи препораки:

Мајки кои имаат потреба да се измолзуваат неколку пати во текот на денот

Мајките кои имаат потреба да ја користат пумпата по неколку пати дневно најдобро е да земат квалитетна електрична пумпа. Овие пумпи имаат прилагодлив интензитет на вшмукување (тоа ќе ви помогне да избегнете евентуални проблеми со брадавиците), а исто најчесто имаат и можност за наеднаш да се одмолзувате од двете гради - што ќе ви го скрати времето на пола. Генерално овие пумпи се препорачуваат на жени кај кои доењето и снабдувањето со млеко се веќе добро воспоставени.

Некои модели се дизајнирани така да го имитираат цицањето на бебето, почнуваат со кратки и брзи вшмукувања за да надојде млекото, а потоа преминуваат на побавни и подлабоки вшмукувања. Оваа нивна способност може да ви го направи измолзувањето поудобно.

Многу електични пумпи можат да се користат со батерии, што ќе ви овозможи да ги користите и на места каде што нема електрична струја.

Електрична пумпа за измолзување



Мајки кои имаат потреба да се измолзат еднаш или два пати дневно

Можете да купите рачна пумпа. Овие пумпи се наменети за жени кои имаат потреба тука-таму да го остават бебето со некој друг, а не сакаат да му даваат адаптирано млеко. Позитивна страна на рачните пуми е што се поефтини, лесни, но во глобала за нивната употреба ќе ви треба повеќе време и труд отколку со квалитетните електрични пумпи. Бидејки ќе треба да ја измолзувате прво едната града, па другата, ќе ви треба двојно подолго време.

Некои мајки ги преферираат рачните пумпи, со објаснување дека се полесни, тивки, а вшумукувањето подобро го имитира цицањето на бебето. Исто така можете да ги користите на едната града, додека бебето цица од другата.

Некои пак не ги сакаат рачните пумпи бидејки постојано треба да се притиска на нив, а тоа може да биде заморно. Некои мајки се жалат дека со оваква пумпа не можат добро да ги испразнат градите, а тоа може да го намали создавањето на млеко.

Рачна пупма за измолзување



Напомена:

Кога користите двојна пумпа само за едната града, не заборавајте да ја затворите другата страна. Ако не го правите тоа, ќе се намали силата на вшумукување, а со тоа и млекото.

Изберете го штитот со правилна големина за вашите брадавици. Внимавајте брадавицата да не се трие од страните на штитот, тоа може да предизвика рана. Исто така внимавајте брадавицата да биде добро центрирана. Ако сакате брадавиците можете да ги намачкате со малку ланолин.

Кога ќе завршите со употреба, расклопете ја пумпата на составните делови и внимателно измијте ги со топла вода и благ детергент. Внимавајте добро да ги исплакнете деовите по миењето.

 

На видеото подолу е демонстрирана употреба на електрична пумпа

 

Принцип на работа на рачна пумпа: