Нормален раст и качување на тежина за доени бебиња до 12 месеци

 

Бебињата кои се хранети со адаптирано млеко качуваат повеќе тежина од доените бебиња, затоа немојте да го споредувате вашето доено бебе со други бебиња, кои не се доени.

Следните стандарди за качување на тежина и раст во првата година од животот се дадени од Светската Здравствена организација и се однесуваат на доени бебиња:

 

 

Нормално качување на тежина за доени бебиња

 

Од раѓање до 7 дена: Губење на помалку од 10% од тежината.

14 ден: Враќање на родилната тежина

2 до 7 недели: 20 - 30 грама дневно

Од раѓање до 3 месеци: 170 гр неделно или 680-906 грама месечно.

4 до 6 месеци:  92 - 126 грама неделно

6 до 12 месеци: 50 - 80 грама неделно

 

Нормален раст во висина

 

0 – 6 месеци:  2.5 см месечно

6-12 месеци: 1.27 см месечно

 

Нормален раст на главата

 

0 – 6 месеци:  1.27 см месечно

6-12 месеци: 6,4 мм месечно