Калкулатор на перцентили за деца 0-36 месеци

Перцентилите покажуваат колку проценти од бебињата на иста возраст имаат помала тежина од вашето бебе (или висина или обем на глава, во зависност на што се однесуваат перцентилите).

На пример ако има 100 бебиња, вредност од 40 перцентили за тежина покажува дека вашето бебе тежи повеќе од 40 бебиња, а помалку од 60 други бебиња.

Перцентили со вредност 50% ја покажуваат просечната средна вредност на тежина. Вредност под 50 значи дека бебето тежи помалку од просекот, а вредност над 50 значи дека тежи над просекот за негова возраст. Ова не значи дека бебето е слабо или дебело. За да се одреди статусот на тежина треба да консултирате лекар.

Едноставно важано, колку перцентилите се поголеми, толку вашето бебе е поголемо - споредено со другите бебиња на негова возраст.

Калкулатор за перцентили кај бебе
Внесете ги следните податоци
Пол на бебето
Возраст на бебето во месеци months
Телесна тежина
Должина на телото
Обем на главата
Резултати
Должина спрема возраста перцентили
Тежина спрема возраста перцентили
Тежина спрема должина перцентили
Обем на глава спрема возраста перцентили
Авотматски пресметај    
AllNutritionals.com

Овој калкулатор го покажува опсегот на перцентилите во кој спаѓа вашето бебе. Повеќе за начинот на толкување на графиците можете да прочитате тука:

Толкување на графици за перцентили.

Овие графици се статистика, не значи дека ако перцентилите за вашето бебе се помали или поголеми од просекот дека нешто не е во ред. Врз растот на бебето можат да влијаат повеќе фактори, како генетиката (ако нпр. родителите се со поситна градба нормално е и бебето да биде помало), етничката припадност, некои бебиња имаат периоди на интензивен раст, а некогаш позабавен. Ако сте загрижени заради растот на вашето бебе, консултирајте се со лекар.

За вашиот лекар не се важни само мерките, туку како расте бебето. На пример за некое бебе е совршно нормално да биде во рангот на 15 перцентили, но ако бебето постојано било во рангот на 50 перцентили, а потоа наеднаш паднало на 15, вашиот лекар ќе сака да ја испита причината за тоа.