10 Работи заради кои бебињата ни се толку неодоливи
Се во врска со нив е толку заводливо и неодоливо, од малите прстиња со толку совршените ноктиња, па се до бебешкиот мирис и уште безброј нивни особини. Да издвоиме само неколку, иако е претешко:
1. Стопалата - помеки и од најмека свила
Тие се поубави од било која друга глетка на светот, стопалата на бебињата се совршени. Сигурно имате потрошено часови на нивното проучување и галење.
2. Бебешкиот мирис - најголемо задоволство што вашиот нос го почувствувал било кога
Бебешкиот мирис ве прави да се чувстувате толку заљубено. Најскапите парфеми не можат да се доближат ниту од далеку до него. Тој мирис е толку неодолив, што кога вашето бебе ќе порасне, ќе се фатите на улица како се обидувате да помирисате туѓо бебе.
3. Газето - Ах тоа бебешко газе
... доволно кажавме. Одиме понатаму.
4. Бебешките звуци - најубава хармонија
Бебињата не само што мирисаат толку убаво, туку тие ги испуштаат и најубавите звуци, што ве прави опиени од љубов. Нивниот дијапазон на звуци е широк, од слатките мали воздишки, па до плачењето во 4 часот наутро и гугањето со кое ве будат.
5. Икањето
Звуците од икањето спаѓаат во своја посебна категорија. Можеби кога ќе се случи за прв пат ќе се загрижите, но кога ќе сфатите дека не е ништо опасно, ќе ја доживеете убавината на тие звуци и изгледот на неговото лице.
6. Изразите на лицето
Бебето се наоѓа во еден потполно нов свет..., замислете каков израз на лицето би имале вие кога би се нашле во потполно нова средина. Новороденчињата имаат такви убави гримаси, како кога изненадени ќе ве погледнат со широко отворени очи и уста или кога ќе го наберат преслаткото усте. А имаат и супер моќи: можат да ве стопат со нивната насмевка.
7. Спиењето на бебето
Признајте дека можете да го гледате со часеви додека така слатко спие. Најубавото нешто на светот - заспано бебе. Затворените очи и долгите клепки, сцена за восхит, а тек па кога ќе испуштат и некоја воздишка - не може да не се преполните со љубов. Ете, такви се бебињата.
8. Кога спијат во вашата прегратка
Не зборуваме за трнењето на вашата рака, туку за тоа прекрасно чувсвто кога спијат врз вас, во вашата прегратка и нема ништо друго што би можеле да посакате. А да, се разбира дека воедно ќе уживате во секое вдишување на нивниот опоен мирис.
9. Начинот на кој ве прават да се чувстувате толку моќно
Па вие родивте такво совршенство, таква убавина... и сето тоа се истка во вас од самиот почеток, од само една клетка. Сте направиле восхитувачко дело, вашето бебе е доказ за тоа. Потстетник дека вие сте Супер Жена, нешто на што секогаш можете да бидете горди.
10. Бебињата ве сакаат и зависат од вас толку безусловно
Тие не се ни свесни дека постојат без вас, за нив вие сте продолжение на едно битие. Вие и бебето сте едно, барем така ве доживува тоа. Го памети вашиот глас уште од стомакот, го сака вашиот мирис, не сака да е ниту минута без вас. Затоа толку ја сака и вашата прегратка. Епа како може да ве сака уште повеќе?