Мозокот на татковците се адаптира на новороденчето: Расте сивата маса
Social Buttons

Во мозокот на татковците, кои поминуваат време со нивните бебиња се случуваат физички промени, кои ги одразуваат промените во мозокот на мајките.
Татковците кои се вклучени во одгледувањето на своите бебиња добиваат екстра сива маса во мозокот, во областите кои се поврзани со емоционална поврзаност, детектирање на потребите на бебето и подобрување на мултитаскингот.
Но, за разлика од мајките, деловите на машкиот мозок кои се поврзани со меморијата и донесувањето на одлуки станувале помалку активни со доаѓањето на бебето.
Научниците велат дека овие откритија можат да помогнат да се идентификуваат регионите на мозокот, кои се важни за поврзување на татковците и нивните деца, што има траен позитивен ефект врз децата.
Студијата е објавена во Social Neuroscience, а е направена на Yale University, САД.


