Како да им помогнете на малите пребирливковци на храна

дете со храна

Секоја мајка сака нејзиното дете да не ја одбива понудената храна, а особено да сака здрава храна, но тоа не оди секогаш така лесно. Еве неколку совети, кои можат да ви помогнат да го научите детето да сака разновидна храна:


Прво зеленчукот


Кога ќе седне да јаде, понудете му го на детето прво зеленучукот - тогаш кога е најгладно. Можеби нема да изеде голема количина, но и неколку парчиња се добар почеток. Потоа дајте му го јадењето, за кое знаете дека повеќе го сака.


Јадете авантуристички


Детето нека види дека јадењето е забавно. Ако вашето дете гледа колку уживате во јадење на различни видови јадења, ќе има поголема веројатност дека и самото ќе сака да ги проба.


Продолжете да се обидувате


Ако детето одбие некоја храна, немојте да се откажете. Можеби ќе му бидат потребни неколку обиди за да сфати дека всушност му се допаѓа. Ако нешто и навистина не сака да јаде, не значи дека нема да го сака и по еден или по неколку месеци.


Дозволете му на детето да го води одвикнувањето од хранење со лажиче


Избегнувајте да ги храните поголемите бебиња или деца со лажиче. Дозволете им да имаат контрола врз нивната храна и да можат да ја земат, да ја почувстуваат текстурата, да се обидат да гризнат од делот кој им се допаѓа. Така ќе имаат поголеми можности за експериментирање и поголема веројатност дека кога ќе пораснат ќе јадат поразновидна храна.


Направете ја храната забавна


За постари бебиња и деца смешните лица од парчиња краставица, домати и сл. ќе бидат многу популарни. Или пак на пример, направете натпревар по крцкање кога се јаде свеж зеленучк - кој ќе крцка најгласно додека јаде ќе биде победник. Бидете креативни.


Повикајте засилување


Можете да повикате другарчиња или братучеди на ручек. Направете пикник со разновидна, здрава храна. Постелете крпа на подот, па дозволете им на децата да се вклучат и соживат. Тие веројатно ќе бидат воодушевени.


Не правете драма околу јадењето


Ако детето сфати дека јадењето навистина ви притиска на нервите, тоа може да се одрази на начин на кој не го посакувате и да почне да го користи за да добие повеќе власт.