Мало девојче на дело покажува што е добрина
Малата Емили Џејмс има прекрасна коса, сладок детски глас и големо срце. Таа на возраст од 3 години решава да ја подари својата коса за од неа да бидат направени перики за деца болни од рак. Нејзните родители имаат продукциска компанија и тие го документираат целото нејзино искуство од почетокот до крај.
Косата на Емили никогаш не била шишана. Кога конечно дошло време за тоа, нејзините родители и објасниле дека ракот е болест и дека некои деца ја губат косата, но дека таа треба да им помогне. Емили била воодушевена што може да ја подели својата коса, но поставила услов: чичко Мафју (Матеј) да ја потшиша и косата на Доли.
Емили во видеото вели:
Понекогаш децата се разболуваат и нивната коса опаѓа. Тоа е навистина, навистина тажно. Јас сакам да им ја дадам мојата коса, бидејки јас имам повеќе и повеќе коса.
Таа подари околу 18 см од својата коса за да се изработат перики за деца, болни од рак.
Нејзината мајка вели:
Се надеваме дека како што Емили ќе созрева ќе научи да носи несебични одлуки, кои ќе инспирираат и ќе носат надеж, дури и кога има цена.
Emily's Hair from FlyPress Films on Vimeo.


