Градите во бременоста

Еден од најчестите труднички симптоми се промени на градите. Уште од самиот почеток на бременоста градите почнуваат да се менуваат и да се подготвуваат за доаѓањето и хранење на бебето. Овие промени се нормални и се дел од подготовката низ која минува секоја идна мајка.

Гради

Болката во градите може да биде со различен интензитет. Приметувате и дека големината на вашите гради се зголемува. Тоа се случува како резултат на растењето на млечните жлезди и подготовата на градите за доење на бебето. Како што вашите гради ќе се зголемуваат, така ќе приметувате и дека вените стануваат поизразени. Не се грижете, се тоа е нормално.

Брадавици

Брадавиците во бременоста исто така се зголемуваат. Стануваат поиспакнати, а во подоцните стадиуми од бременоста можете да приметите и исцедок или колостурм, односно вашите гради почнуваат да го произведуваат првото млеко за бебето. Колострумот обично има жолтеникава боја и неговото значење за бебето е непроценливо, богат е со хранливи материи, како и имунолошки фактори. Ако колостумот е црвеникав значи дека има присуство на крв и во таков случај треба да се јавите кај вашиот лекар.

Ареоли

Вашите ареоли (темните кругови околу брадавиците) ќе се зголемат и ќе добијат нешто потемна боја. Промената на бојата ќе му помогне на бебето да ја разликува брадавицата од кожата, помагајки му да воспостави поуспешно доење. На површината на ареолите можеби ќе приметите мали чворчиња - така наречени Монтгориеви туберкули, тие се безопасни и всушност помагаат да се создаде антибактериски штит. Тие произведуваат масло, кое го одржува здравјето на брадавиците.

Запомнете дека промените на градите нема да се случат преку ноќ, туку постепено, како што ќе напредува вашата бременост.

Designed by Antsin.com