Децата знаат најдобро: Дечињата можат да одредат дали некоја личност е доверлива, гледајки на нивното лице
Многу родители се нашле во ситуација да бидат посрамени заради моќта на забележување на нивните деца и гласното коментирање. Но восхитувачки е фактот дека малите деца можат да дадат софистициран суд за карактерните црти на некоја личност - само со гледање на нивното лице.
Научниците велат дека малите деца, уште на 3 годишна возраст можат да ги оценат карактерните црти - како доверливост и компетентност, едноставно со гледање на нечие лице.
Децата покажале неверојатен консензус во нивните оценки, покажа студија на Универзтитетот Харвард, објавена во списанието Psychological Science.
Студијата покажа дека предиспозицијата да се проценуваат луѓето врз основа на цртите на лицето започнува уште на мали години и за неа не се потребни долги години на социјални искуства.
Децата особено биле конзистентни во проценката на нечија доверливост.
Сепак студијата не покажува дали заклучоците се точни, туку дека се конзистентни кај децата и кај возрасните. (Биле користени компјутерски генерирани ликови) Особено судовите на постарите деца биле многу блиску до оние на возрасните. Што укажува и на можен развоен тренд.

