Мајка пронашла игла во кутија со адаптирано млеко

Од: Твое Бебе on Среда, 27/11/2013 - 19:54

Мајка од Ситингбурн, В. Британија, пронашла игла долга 5 см. во кутија со адаптирано млеко на познатиот производител Cow & Gate.

Мајката е ужасната и гневна затоа што веќе го хранела бебето од истата кутија и нејзиниот главен страв е дека иглата би можела да биде контаминирана. Заради сомневања дека тоа не е единствената контаминирана кутија таа ги предупредува другите родители да пазат и се прашува што ако иглата дошла во шишето на бебето и го повредила.

Таа веднаш се пожалила кај производителот Danone и им ја пратила иглата на анализа.


Suzanne Kingsberry, менаџер за квалитет во Danone Baby Nutrition, прво изјавила дека сеуште не го виделе производот, но дека уредиле да го добијат за да направат целосна анализа.

Покасно таа потврдила дека ја добиле кутијата и дека истрагата е во тек. Таа ги уверува другите родители дека се работело за изилоран инцидент и дека немале добиено слични поплаки за друг Cow & Gate производ.

Производите на Cow & Gate беа едни од испитуваните, кога се потврди дека адаптираните млека и понатаму имаат превисока содржина на алуминум.

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com