Алкохолот во бременоста го нарушува развојот на мозокот кај бебето

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Четврток, 05/12/2013 - 23:43

Пренаталната изложеност на алкохол сериозно нарушува некои од главните аспекти на развојот на мозокот, што потенцијално може да доведе до зголемена анксиозност и слаба моторна функција, карактеристично за луѓето со фетален алкохолен спектар на болести (FASD). Ова е заклучок од студијата на невролозите на Универзитетот на Калифорнија, Риверсајд.

Во студијата, која е објавена на 27.11.2013 г. во списанието Neuroscience, тимот од Универзитетот Риверсајд, открил дека пренатална изложеност на алкохол значително ја менува експресијата на гените и развојот на мрежата врски во неокортексот - дел од мозокот одговорен за високо размислување и сознавање, вид, слух, допир, рамнотежа, моторни вештини, јазик и емоции. Студијата била извршена на глувци.

Пренаталната изложеност на алкохол предизвикала погрешни области на мозокот да се поврзат едни со други.

Овие наоди се спротивни на популарното верување дека консумирањето на алкохол за време на бременоста не е штетно.

Kelly Huffman, аситент професор по психологија на Универзитетот Риверсајд и главен автор на студијата вели:

Ако консумирате алкохол кога сте бремени можете да го нарушиte развојот на мозокот на вашето бебе

Ова истражување ни помага да разбереме како некои супстанции - како што е алкохолот, влијаат вр развојот на мозокот и водат до промени во однесувањето.

Студијата исто така покажува како пренатална изложеност на алкохол предизвикува драматични промени во мозокот, кои водат до промени во однесувањето. Иако оваа студија го користи моделот на умерена до висока доза, други студии покажааа дека дури и малите дози го менуваат развојот на клучните рецептори во мозокот.

Истражувачите одамна знаат дека изложеноста на етанол, заради пиењето на алкохол од страна на мајката влијае врз мозокот и когнитивниот развој кај детето, но претходно не беше покажана поврзаност меѓу изложеноста на алкохол и нарушувањето на нервните мрежи, што потенцијално доведува до промени во однесувањето.

Тимот научници открил драматични промени во интранеокортикалните врски попомеѓу фронталниот, соматосензорниот и визуелниот кортекс кај глувците, родени од мајки кои конзумирале етанол во текот на бременоста. Промените биле особено тешки во фронталниот кортекс, кој ги регулира моторните, вештините за учење, донесување одлуки, планирање, носење суд, внимание, преземање ризик, извршна функција и друштвеност.

Регионот на неокортексот на мозокот е сличен кај глувците и луѓето, иако човечкота обработка на информации е уште посложена. Во претходните истражувања, Хафман и нејзиниот тим создале атлас на неокортексот, идентификувајки го развојот на регионите, генската експресија и кортикалните врски. Истражувањето е направено со цел да се разберат нарушувањата на однесувањето, како што се аутизмот и FASD .

Деца дијагностицирани со FASD може да имаат деформитети на лицето и да покажат когнитивни, моторни и дефицити во однесувањето, поврзани со невробиолошка штета во раниот развој, како резултат на изложеноста на етанол. Оние дефицити може да вклучуваат потешкотии во учењето, намалена интелигенција, ментална ретардација и анксиозност или депресија, вели Хафман.

Поблаги форми на FASD може нема да доведат до деформитети на лицето, како што се широко поставени очи и мазна горна усна, туку како што детето ќе созрева можат да се појават проблеми во однесувањето, како што хиперактивност, хипериритабилност и проблеми со вниманието.

Врз основа на нејзиното претходно истражување, Хафман вели дека очекувала дека ќе најдат некои нарушување на интранеокортикалните врски, но мислела дека тоа ќе бидат суптилни промени.

Бев изненадена што резултатот на изложеноста на алкохол беше доста драматичен. Откривме зголемено ниво на анксиозност, незаинтересирано однесување и тешкотии со фината моторна координација. Тоа се нешта што ги гледаме кај децата со FASD.

Следната фаза на нејзиното истражување ќе биде да се види дали недостатоците поврзани со пренатална изложеност на алкохол ќе продолжат и во следните генерации.

Во крајна линија, вели таа, жените кои се бремени или кои се обидуваат да забременат треба да се воздржат од пиење на алкохол.

Дали ќе се ставите виски во шишето вашето бебе? Пиењето за време на бременоста не е многу различно, вели таа и додава:

Ако ме прашате дали заради три чаши вино во текот на бременоста вашето дете ќе има FASD, јас би рекла: веројатно не. Ако ме прашате дали ќе има промени во мозокот, би рекла: веројатно. Не постои безбедно ниво на пиење во текот на бременоста.

Designed by Antsin.com