Мајчинството е заразно

Студија на Бокони Универзитетот во Италија, открила дека жените имаат поголема веројатност да имаат бебе откако ќе откријат дека нивните среношколски пријателки станале мајки.

"Заразноста" особено е силна во време на еден тесен временски прозорец: Најсилна е по породувањето на средношколска пријателка, го достигнува врвот околу 2 години подоцна, а потоа почнува да слабее.

Студијата покажува дека одлуките поврзани со плодноста не зависат само од личните карактеристики и преференци, туку исто така врз нив влијаат и социјалните поврзувања на личноста. Дополнително, студијата исто така покажува дека школските пријателства влијаат врз нашите животи и по завршување на училиштето.

Студијата опфатила 1700 жени, на возраст од 15-30 години. Во просек, жените во студијата првото дете го родиле на 27 години.

Истражувачите се обиделе да го утврдат влијанието на школските пријателки врз раѓањето на првото дете и нивните откритија важеле само за планираните бремености.

Nicoletta Balbo, коавтор на студијата вели:

Знаеме дека пријателствата влијаат врз многу однесувања, како пушењето, пиењето и колку вежбаме.

Според Balbo, можна причина за заразноста на мајчинството пред се е тоа што луѓето се споредуваат со нивните пријатели. Кога некој е опкружен со пријатели со мали деца, чувстува притисок и самиот да има деца.

Второ, пријателките се важен извор на информации за мајчинството.

На крај, искуството покажува дека имањето на деца во исто време со пријателите го намалува стресот поврзан со бременоста и одгледувањето на децата. На родителите им е полесно да останат пријатели кога минуваат низ искуството на родителството во исто време.