Што кажува мајката и што слуша детето

Social Buttons

раце

Мислите дека детето разбрало што барате од него? Не секогаш, понекогаш вашите зборови кога ќе поминат низ неговите уши и процесирање звучат овака:

1. Мајката вели: Оди измиј ги забите
Детето слуша: Оди наполни го мијалникот со меурчиња од сапуница, остави траги од пастата за заби, забрави да пуштиш вода откако ќе го употребиш тоалетот и поплави ја целата бања.

2. Мајката вели: Брзо облечи се, ти спремив облека

Детето слуша: Извади ја секоја фиока од твојот гардеробер и расфрли ја содржината по цел под од твојата соба, плачи 15 минути дека нема што да облечеш, и на крај облечи се во она што твојата мајка го спремила за да го облечеш претходната вечер.

3. Мајката вели: Оди исчисти ја твојата соба
Детето слуша: Собери се од подот и напикај го сила под креветот, во фиоките, во ормарот и во било која дупка што можеш да ја најдеш и моли се родителите да не ги најдат таму работотите.

4. Мајката вели: Побрзо облечи ги чевлите, треба да испаднеме.
Детето слуша: Оди горе и земи ги чевлите, но не заборавај да ја погалиш мачката, да прочиташ книга, да ги наместиш твоите играчки, да одиграш неколку игри на твојот iPad и тогаш конечно врати се долу без обуени чевли.

5. Мајката вели: Оди во кревет
Детето слуша: Одложи го времето на одење во кревет додека можеш, излегувај од твојата соба откако ќе се изгасат светлата за да земеш чаша со вода, да отидеш во тоалет, да и посакаш добра ноќ на мачката, да побараш уште 12 бакнежи од мама, да побараш уште вода, да бараш да ти биде прочитана и петтата приказна, обиди се да ја убедиш мама да ти дозволи малку да каснеш. Тогаш играј околу креветот додека ја пееш Роар од Кети Пери на цел глас. Најважно од се, направи се што можеш да смислиш, освен да легнеш во кревет.

6. Мајката вели: Морам да одам во тоалет, но брзо ќе се вратам.
Детето слуша: Се разбира дека мама не сака ништо повеќе отколку да ти чита книга, да ти пее песна и да разговара за тоа кој супер херој ги има најдобрите супер моќи, додека седи на тоалетот и се обидува да мокри.

7. Мајката вели: Седи до масата и изеди ја храната над твојата чинија.
Детето слуша: Трчај во кругови околу масата, целосно игнорирај го приборот за јадење, кој е ставен пред тебе за да јадеш со него и користи ги твоите раце за да ставиш дел од храната во твојата коса, на твоите алишта, очи, веги и уста и биди сигурен дека си испуштил на подот барем 75% од твојот оброк, додека го размачкуваш по целиот под.

8. Мајката вели: Морам да разговарам на телефон, те молам биди тивок
Детето слуша: Дај се од себе за да звучиш како циркус што маршира низ куќата.

9. Мајката вели: Биди фин со твојата сестра
Детето слуша: Продолжи да ја малтретираш твојата сестра цел ден, така што ќе и ги крадеш и уништуваш нејзините омилените играчки, имитирајки го секој нејзин збор со супер иритирачки глас, бркајки ја од твојата соба и постојано повторувајки и дека мама и тато тебе се сакаат повеќе.


10. Мајката вели: Ќе ме оставиш ли на мир само 10 минути?!
Детето слуша: Бомбардирај ја мама со низа од безгранични барања, секогаш кога ќе се обиде да отиде во тоалет, да се јави на телефон, да прати е маил, да касне нешто или да разговара со друга возрасна личност или ако се обиде да направи било што друго што не е директно поврзано со твоите потреби.

Designed by Antsin.com