Како да се справите со небараните совети за вашето бебе

Social Buttons

Кога имате бебе, како секоја личност што ќе ја сретнете да има да сподели некој совет: "Зарем не треба да го облечеш повеќе / помалку?" "На оваа возраст треба да јаде тоа и тоа, така добро ќе напредува." "Ако му дадеш цуцла, бебето ќе има расипани заби!" "Ако го изнесеш на ова време ќе настине" "Немој да го држиш толку многу во раце" ... итн.

Можеби добар дел од тие совети ќе бидат добри, а некои и нема да бидат толку добри, но тоа од што веројатно ви е преку глава е наметливоста на луѓето кога ги нудат своите совети.

Како да се справите со сето тоа?


Како да се справите и заштите од сите тие небарани совети? Прво, немојте се што ќе слушнете да сфаќате сериозно или здраво за готово. Доколку го правите тоа, вашата самодоверба ќе се претвора одново и одново во ситни парчиња. Вие не можете и не треба да ги послушате сите понудени совети од страна на пријателите, роднините и непознатите луѓе. Секогаш одберете да го направите она што вие мислите дека е најдобро во тоа море од мислења.

Бидете свесни дека овие совети најчесто се најдобронамерни. Луѓето се привлечени од бебињата, секогаш биле и ќе бидат. Понекогаш тие даваат "корисни" коментари едноставно колку нешто да кажат. Вашиот одговор може да биде нешто во смисла како, "Ви благодарам за вашата загриженост" или "Ќе размислам за тоа."

Одличен начин да се справите со загрижените баби и дедовци, кои имаат свои идеи за хранење, спиење, грижа за бебето итн. е да се повикате на трето лице: "Благодарам, ќе проверам што вели нашиот доктор за тоа." Така ќе ги избегнете непотребните конфликти и ќе можете да ги поштедите своите нерви.

Никогаш не заборавајте дека вие сте мајката и слушајте го вашиот внатрешен глас.

Designed by Antsin.com