7 Совети за среќен брак

Среќата во бракот не е нешто доаѓа што неочекувано и одненадеж како лотаријата. Среќниот брак се гради и потребно е да се работи на него.  
 


1 Отстранете го зборот на буквата "Р"
 


Кога парот ќе се земе последно нешто на што помислува е развод. Како што минува времето и се соочуваат со секојдневните проблеми зборот станува се почест, прво во мислите, а потоа и на устата за време на расправиите.

Steve Brody - Психолог за брачно советување вели: Немојте да одите таму. Некои луѓе го кажуваат тој збор премногу рано и премногу често во еден брак. Во личноста која го слуша зборот, тоа пак подига ново ниво на загриженост.

Авторите на книгата "Project Everlasting - Проект засекогаш" - Mat Boggs и Jason Miller за потребите на книгата патувале низ целата земја и интервјуирале повеќе од 200 "брачни стручњаци". Тие разговарале со луѓе со брачен стаж од 40 години и повеќе и ги прашувале за најдобрите брачни совети.

Неупотребувањето на зборот "Р" бил еден од многу честите совети за среќен брак. Тие велеле: За да најдете решение за проблемот, ќе ви биде потребно да ја вложите цела енергија. Ако во тие околности помислувате на развод, си ја намалувате способоста за решавање на проблемите.

Се разбира "брачните стручњаци" биле свесни дека понекогаш постојат ситуации кои го прекршуваат брачниот завет, како прељуба, зависност или злоупотреба. Но кога се работи за помали проблеми, многу од нив рекле дека е корисно да се напише на ливче што е тоа што го личноста го сака кај нејзниниот партнер и да се фокусира на доброто, наместо на погрешното.
 


2 Заменете ги седумте смртоносни навики со 7 навики на љубов
 


Најлесниот дел е да се научат кои се 7-те лоши, а кои се 7-те добри навики, но после тоа треба да се спроведат во пракса.

Седумте смртоносни навики во бракот се: критизирање, обвинување, жалење, принудување, заканување, казнување и поткупување.

Седумте навики на љубов пак се: подршка, охрабрување, слушање, прифаќање, доверба, почитување и преговарање за вашите разлики.
 


3 Грижете се за себе
 


Ако се грижите за себе, ќе имате помало ниво на стрес и поголемо ниво на толеранција. Така ќе има помала веројатност дека ќе си идете на нерви со брачниот партнер и автоматски тоа ќе значи и повеќе задоволство во бракот.
 


4 Разговарајте за пријатествата
 

За некои парови е прифатливо партнерите да имаат пријатели од спротивниот пол, но некои брачни советници не го наоѓаат ова за прифатливо. Brody вели дека не е љубител на овакви пријателства и дека тоа е играње со оган. Линијата е премногу танка и лесно е да се премине кога има можност за потенцијална романса.
 


5 Престанете да се обидувате да го контролирате партнерот
 


Ова е уште еден совет кој полесно се кажува отколку што се применува. Но обидот да се контролирате еден со друг е главната причина за несреќа во бракот. Во среќните бракови сопружниците знаат дека не можат да се контролираат еден со друг.

Процесот на учење да не се контролира партнерот е тежок, но постојат некои техники со кои можете полесно да го совладате.

Запрашајте се себи си: Доколку единствената личност чие однесување можам да го контролирам сум самиот јас, тогаш што можам да направам за да го подобрам бракот? Размислете што е тоа што можете вие да го направите за да ви се подобри бракот.
 


6 Постојана почит
 


Секогаш почитувајте го партнерот. Ова значи дека мажите нема повеќе да кажуваат приказни од типот "мојата стара" и жените да не флертуваат со други мажи.

Почитувањето бил совет кој речиси секогш бил на прво место, кога биле запрашани брачните ветерани.

Bogs вели: Можете да имате почит без љубов, но не можете да имате љубов без почит.

Оние кои се во среќни бракови велат дека почитувањето значи да не го подценувате вашиот партнер пред децата. И кога имате проблем немојте да одите надвор од бракот, туку дискутирајте со вашиот брачен другар.

Почитувањето значи и да не го критизирате сопружникот пред други луѓе, велат ветераните. За да биде ова појасно еден човек со долг брачен стаж го дал ова објаснување: Да речеме дека додека го критикувате вашиот брачен другар некој човек минува покрај вас, тоа ќе биде единственото мислење кое тој ќе го има за вас.
 


7 За сопругите: Намалете ги вашите очекувања, за сопрузите: Прифатете го предизвикот и превземете одговорност
 


На една конференција за промовирање на книгата било поставено прашањето што очекуваат присутните од својот брачен партнер. Жените одговориле дека очекуваат да бидат сакани, ценети, ислушани, згрижени и да им се обрнува внимание. Мажите во основа имале поедноставни очекувања, нивните типични полу шегаџиски одговори биле дека очекуваат нивната сопруга да се грижи за храната и да се појавува гола.

Иако одговорот бил даден како во шала, сепак ги покажува разликите во очекувањата на мажите и жените. За да се намалат тие разлики потребно е жените да ги снижат своите очекувања, особено ако нивниот сопруг имал напорна недела.

Мажите пак треба да се потрудат да праваат некои од работите што ги сакаат жените, на пример да и дадат приоритет на нивната врска и да ги ислушааат. Всушност мажите треба во некои работи да се однесуваат кон жените како во работата. Нека си замислат дека нивната сопруга е клиент вреден 1 милион долари, ако си замине низ вратата бизнисот е пропаднат

Вреди да се размисли за советите на оние кои успеале да ја одржат среќата во својот брак.