Фталатите се виновни и за зголемен ризик од предвремено породување

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Вторник , 19/11/2013 - 22:45

Трудниците кои се изложени на фталати имаат зголемен ризик за предвремено породување.

Фталатите можат да се внесат со контаминирана храна и вода, но исто и преку кожата. Присутни се во огромен број од козметичките средства, како лосиони, парфеми и дезодоранси. Амбалажата за храна е исто еден од главните виновници за изложеност на фталати.


Предвременото породување е водечка причина за смрт кај новороденчињата, а влијанието кое го имаат еколошките токсини сеуште не е доволно проучено.

Инаку изложеноста на фталати е поврзана и со нарушување на хормоните на тироидната жлезда, ендометриоза, рак на дојка итн.

Студијата е направена во Женската болница во Бостон и во неа учествувале 130 жени кои се породиле предвремено и 352 други жени во контролната група. Истражувачите го анализирале количеството на метаболити на фталати во урината на жените за време на бременоста.

Студијата покажала дека постои поврзаност помеѓу концентрацијата на некои метаболити на фталатите во урината и шансите за предвремено породување:



Нашите резултати индицираат дека постои значителна поврзаност на изложеноста на фталати за време на бременоста и предвремено породување, што само ги зацврстува претходните лабораториски и епидемиолошки докази.

Податоците ни даваат силна подршка за да се превземе акција за превенција или намалување на изложеноста на фталати за време на бременоста, - заклучува студијата.

Designed by Antsin.com