Бебенце со половина срце и челична волја
Софи Максвел е едно храбро бебенце кое се родило со половнина срце.
Kога имала само неколку дена Софи билa подложена на операција на срце.
Сега има 12 недели и конечно си заминува дома.

Софи со мајка си
На Софи и претстојат уште 2 операции, а можеби и трансплантација на срце. Се родила со вродена срцева маана, така наречена хипопластичен синдром на лево срце, каде левата комора останала тешко неразвиена.
Нејзината мајка вели:
И покрај се што помина таа е навстина среќно мало бебе. Ако не беше тубата што сеуште ја носи, немаше да приметите дека нешто не е во ред.

Софи има постаро братче
Мислам дека најстарата личност со состојбата на Софи има 21 година, тоа ни дава надеж дека таа има уште 20 години живот или повеќе, но ние секој миг што ни е даден со неа го вреднуваме како најголемо богатство.
Хирургот кој ја оперираше рече дека секогаш смета:
Каде што има живот, има надеж.
и во право е.
Кога мајката на Софи била во 20-та недела од бременоста ехо прегледот покажал дека Софи има само половина срце и на родителите им рекле да размислат за прекин на бременоста.
Таа вели дека за еден миг размислувала за прекин на бременоста, бидејки мислела на тоа каков квалитет на животот ќе има малата Софи, но одлучиле дека ако Софи се бори - ќе се борат и тие.
Кога ќе има една година Софи треба да има уште една операција на срцето, а третата треба да ја има кога ќе наполни 3-4 години. Постои можност дека во иднина можеби ќе и треба и трансплантација на срце, но тие се надеваат дека тоа нема да се случи.


