Совети што треба да ги слушне секоја мајка
Social Buttons
- Во ред е да се признае дека понекогаш мајчинството не е забавно, понекогаш сте и исцрпени и не ви е мило што вашиот сопруг оди во светот додека вие бришете носиња и газиња.
- Доењето секако дека е најдобриот начин на исхрана за бебето, но недоењето нема да го убие вашето бебе, без разлика како прави да се чувстувате вашата пријателка.
- Одвојте си време за да се истуширате, секој еден ден.
- Запомнете: Ќе престанат да плачат... некогаш.
- Не ви е потребен топлач за пелени.
- Некогаш ќе чувствувате дека сакате да ги фрлите низ прозор. Во ред е, се додека не го направите тоа.
- Не се споредувајте со другите, сите сме различни. Се што можете е да бидете најдобрата мајка, која можете да бидете.
- Облекувајте го бебето во неговите "убави" алишта. Па што ако се извалкаат? Сочувајте ги омилените парчиња за излегување и вашето бебе ќе порасне толку брзо што можеби нема ни да ги облечете.
- Не ги судете другите родители. Ниту тие самите не знаат што прават.
- Снимајте видеа со вашите деца. Сликите се супер - исто така, но видеата зачувуваат моменти кои сликите не можат да ги зачуваат.
- Не сфаќајте ги работите премногу сериозно. Нема потполно да ги уништите вашите деца ао некогаш пропуштат зеленчук, капење, ако заспијат во облеката и ако одвреме на време се извлечат за некоја работа.
- Никој друг не знае што е подобро за вашето бебе.
- Дозволете да се извалкаат, затоа служи капењето.
- Одвојте си време за да ги наполните батериите. Не е себично да се гржите и за себе.
- Одберете ги вашите битки, не се сите вредни за да се бијат.
- Родителството е дефинирано со екстреми: екстремна среќа, екстремна фрустрација, екстремна љубов, екстремна вина... Научете да дишете и обидете се да ја најдете среќата во секој еден ден.
- Родителите кои изгледаат дека се успеале во се, најчесто се во поголем неред од вас.
- Вршите одлична работа, опуштете се!



