Гасoви и подуеност во бременоста

трудница

Бременоста создава голем број физички и емотивни промени кои можеби не ги очекувате. Во бременоста има многу забавни и пријатни нешта, но гасовите и подуеноста не се меѓу нив. Како и повеќето работи поврзани со бременоста, се чини дека секој има свое мислење и решение за тоа како да се ублажат овие непријатни симптоми.

Гасовите и подуеноста се нормални придружници на бременоста

Причини за подуеност и гасови во бременоста
 


Кога сте бремени, хормоналните промени се причина за многу симптоми во вашето тело. За време на бременоста, вашето тело помеѓу другите хормони, произведува и хормон наречен прогестерон. Прогестеронот ги опушта мускулните ткива во телото, како што е вашиот гастроинтестинален систем. Тоа од своја страна може да го успори варењето на храната, да предизвика запек, гасови и подуеност. Жените кои имаат нетолерантност на лактоза, можат да имаат уште повеќе проблеми со гасови и подуеност. Луѓето кои се нетолерантни на лактоза не произведуваат доволно ензим лактаза - кој учествува во разградувањето на лактозата (шеќер во млечните производи), па кај нив се создаваат уште повеќе гасови.
 


Временска рамка на јавувањето на гасови и подуеност
 


Чувството на подуеност и гасови може да се јави на самиот почеток на бременоста, околу четири или пет недели од нејзиниот почеток, токму во времето кога тестот за бременост ќе потврди сте бремени. Кај некои жени пак, овие симптоми можат да се јават подоцна во првото тромесечие од бременоста, околу 12-тата недела, како што органите продолжуваат да се прилагодуваат на растот на матката. Најверојатно дека некакви гасови и подуеност ќе ве следат во текот на целата бременост.
 


Заблуди
 


Секоја бременост е различна. Дури и ако ова не е ваша прва бременост, не постои начин да се предвидат вашите симптоми. Некои луѓе можеби ќе ви кажат дека ако не доживеете гасови, подуеност или запек дека нешто не е во ред со вашата бременост. Иако повеќето луѓе се добронамерни, можете едноставно да се сметате себе си среќна ако не страдате од зголемени гасови и подуеност.
 


Совети за намалување на гасовите и подуеност
 

 

  • Избегнувајте големи оброци. Наместо тоа јадете повеќе помали оброци во текот на денот. Тоа ќе ви помогне и ако имате проблем со утринските мачнини.
  • Џвакајте бавно и внимателно, избегнувајки да голтате воздух.
  • Јадете храна богата со расителни влакна.
  • Избегнувајте да пиете големи количини вода со оброците. Наместо тоа, водата надокнадете ја меѓу оброците, внимавајки да не голтате воздух.
  • Избегнувајте храна и пијалоци со вештачки засладувачи.
  • Избегнувајте газирани пијалоци.
  • Носете комотна облека, избегнувајте да бидете стегнати околу половината.
  • Седнете и кренете ги нозете, тоа може да го намали притисокот кој го прави бебето и да се подобри варењето на храната.
  • Избегнувајте гуми за џвакање и бонбони, тоа може да предизвика да голтате повеќе воздух.
  • Движете се, прошетките ќе му помогнат на системот за дигестија да работи подобро.
  • Чајот од нане може да помогне.
  • Никако немојте да земате лекарски средства без препорака од вашиот лекар, некои од нив се штетни во бременоста.


Ако имате грчеви, болки во стомакот, крв во столицата или ако сметате дека нешто не е во ред, задолжително посетете лекар.