Мајка гневна на болничките правила да не се помага на бебиња родени со помалку од 24 недели

Ожалостена мајка гледала како нејзиниот син се бори 46 минути за живот, откако лекарите не му укажале никаква помош.

Правилата на болницата биле да не се обидува да им се помогне на бебиња родени со помалку од 24 недели.

Трејси Годвин (31) се породила во март минатата година, иако била бремена само 22 недели.

Трејси вели:

Не можевме да разбереме зошто никој не му помагаше.

Ако се родеше мртов, ќе беше поинаку, но тој се обиде да живее. Ги молевме да сторат нешто.

Во тек е истрага за смртта на бебето.

Трејси вели дека воопшто немало присутен лекар додека нејзиното бебе се борело за живот, се додека не се откажало од битката после 46 минути.

Таа вели:

Том се роди малку пред 23 недели и тие дозволија да почине на моите раце. Добив болки на 22 недели.

Од болницата ми рекоа да се напијам парацетамол, но болките не престанаа и се вратив во болница. Тогаш рекоа дека породувањето е почнато и дека треба да мирувам во кревет.

Ме ставија во соба, која беше наречена "соба пеперутка", имаше 2 кревета за да може да остане и мојот партнер.

Не ми кажаа дека тоа беше соба за жени, кои ќе ги загубат нивните бебиња. Не ни кажаа што ќе се случи со него.

Всушност парот никогаш не се посомневал дека на нивното дете нема да му биде пружена помош откако ќе се роди.

Покасно од болницата им било кажано дека тие не им помагаат на бебиња родени пред наполнети 24 недели, со објаснување дека квалитетот на нивниот живот ќе бил оштетен.

Мајката вели:

Кога отидовме да ја регистрираме неговата смрт, ни текоа дека не можат да ни дадаат посмртница затоа што немало присутен лекар, како што се бара според законот.

Домашната канцеларија во меѓувреме ни издаде посмртница за да можеме да го погребаме. Целата работа беше толку за срам.

За целата случка ќе има сослушување.

Директорката на одделот за сестри од Саутхенд болницата, се извинува:

Многу ми е жал за искуството на Г-ца Годвин.

Ја поздравуваме можноста да дискутираме за прашањата, кои таа ги покрена.

Многу важно е родителите да се информираат за очекувањата за преживување на бебињата. Можам само да се извинам, ако тоа не бил случај со Г-ца Годвин.

Во некои болници нема овакви правила и се почесто има примери кога предвремено родени деца, продолжуваат со нормален живот, иако шансите за оштетувања се големи.

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com