Калкулатор за перцентили на тежина за бебе од 0 - 36 месеци

Social Buttons

Перцентили на тежина спрема возраст

Овој калкулатор ќе ви ги покаже перцентилите на тежината на вашето бебе, базирани на неговата возраст.

Перцентилите покажуваат колку проценти од бебињата тежат помалку од вашето бебе. На пример ако има 100 бебиња, вредност од 40 перцентили покажува дека вашето бебе тежи повеќе од 40 бебиња, а помалку од 60 други бебиња.

Перцентили со вредност 50% ја покажуваат просечната средна вредност на тежина. Вредност под 50 значи дека бебето тежи помалку од просекот, а вредност над 50 значи дека тежи над просекот за негова возраст. Ова не значи дека бебето е слабо или дебело. За да се одреди статусот на тежина треба да консултирате лекар.

--------------------------------------------------------------------------------

Инструкции:

Калкулаторот бара да го внесете полот на бебето, датум на раѓање и тежината.

1. Одберете пол - Male за момчиња или Female за девојчиња.

2. Внесете го роденденот. Одберете ја годината, месецот и денот на раѓање на бебето.

3. Внесете ја тежината на бебето. Децималите да бидат раздвоени со точка, а не запирка.

4. Кликнете на копчето за пресметување - Calculate/Update.

--------------------------------------------------------------------------------

Добиени вредности:

1. Перцентили - пресметани се со користење на стандардна нормална дистрибуција.

2. Возраст - Возраст на детето во години, месеци и денови.

3. Тежина - Тежина на бебето во метрички единици.

4. График - Тежината спроти возраста, со линии кои покажуваат 5, 10, 25, 50, 75 и 95 перцентили.


By infantchart.com

Designed by Antsin.com