Абортусот го зголемува ризикот од проблеми со менталното здравје на жените за 81%
.jpeg)
Нова студија објавена во британското списание "the British Journal of Psychiatry", од водечкиот американски истражувач д-р Priscilla Coleman, покажа дека женити кои направиле абортус се соочуваат со речиси двојно зголемен ризик од ментални здравствени проблеми, отолку жените кои имаат бебе.
Студијата на Колман е изработена врз основа на анализа на 22 посебни студии кои, во вкупно ги испитале искуствата со бременоста на 877.000 жени, од кои 163.831 жени кои имале абортус. Студијата исто така, посочи дека абортусот е виновен за еден од десет проблеми со менталното здравје, со кои се соочуваат жените во целина.
Во студијата се вели:
Резултатите укажуваат сосема доследно дека абортусот е поврзан со умерен до високо зголемен ризик од психолошки проблеми после постапката. Генерално, резултатите покажаа дека жените кои биле подложени на абортус се соочиле со 81% зголемен ризик од ментални здравствени проблеми, а речиси 10% од случаите на ментални здравствени проблеми кај жените се директно поврзани со абортусот.
Студијата покажува дека абортусот е поврзан со 34% зголемен ризик за анксиозност, 37% повисока можност за депресија, двојно поголем ризик од злоупотреба на алкохол (110%), три пати поголем ризик за користење на марихуана (220%), и 155% поголем ризик за обид на самоубиство.
Кога жените кои направиле абортус, биле споредени со оние кои имале несакана бременост - но сепак родиле, се покажало дека имаат 55% поголем ризик да доживеат некој проблем со менталното здравjе.
Д-р Колман рече таа ја спровела студијата за да обезбеди една непристрасна анализа на најдобрите достапни докази, со осврнување на абортусот како еден фактор на ризик, помеѓу многуте други кои можат да ја зголемат веројатноста за проблеми со менталното здравје.
Всушност постојат реални ризици поврзани со абортусот, кои треба да им се предочат на жените на советувањето пред абортус.
Овој преглед нуди најдлабока проценка на ризиците врз менталното здравје - поврзани со абортусот, кои се достапни во светската литература. Резултатите откриваат умерен до висок зголемен ризик од ментални здравствени проблеми по абортусот. Во согласност со медицината базирана врз докази, оваа информација треба да се користи од страна на здравствените професионалци, вели Колман.
Неодамна објавените, помалку систематски прегледи на научна литература за абортусот и ментално здравје, вклучувајќи го прегледот на Американската психолошка асоцијација и оној на истражувачите од Џонс Хопкинс, се склони кон предрасуди, и како резултат на тоа активно ја водат јавноста во заблуда.
Студијата е мета-анализа, која е квантитативна или нумеричка синтеза на податоци од многу претходно објавени студии. Во мета-анализата сите студии не се третираат подеднакво, туку влијанието на одделните студии врз крајниот резултат се пресметува статистички врз основа на големината на примерокот.
Колеман објаснува:
Во анализата се вклучени само студии кои ги исполнуваат многу строгите методолошки критериуми, додека во други видови на студии авторите може да не ги откријат критериумите врз кои ја работеле студијата или критериумите можат да бидат премногу рестриктивни (да пропуштат вредни студии) или премногу општи (вклучуваат студии со слаби заклучоци).
Во крајна линија, резултатите се далеку посигурни од резултатите од една студија или квалитативен преглед, поради богатството на вградени податоци и објективните методи на комбинирање на ефектите.
Студијата е објавена во високо престижното списание, the British Journal of Psychiatry, кое се смета за едно од најдобрите психијатриски списанија во светот. Ова значи дека студијата била опширно прегледана од страна на добро-почитувани научници и резултатите од студијата имаат доверба од страна на лекари низ целиот свет, додава Колеман.

