Како правилно да го тргнете бебето од градата

доење на бебе

Кога го доите бебето и тоа правилно ја има фатено градата, тогаш брадавицата и дел од ареолата (темниот круг околу брадавицата) ќе бидат во неговата уста, а бебето ќе може да створи силен вакум додека цица. Најчесто кога бебето има потреба да направи пауза или пак е спремно да ја смени градата од која цица, само ја отвора устата и ја ослободува градата.

Понекогаш, сепак може да се случи да сакате да го тргнете бебето од вашата града. На пример ако не ја фатило добро градата, ќе треба да го тргнете за да се обидете повторно. Ако заспие додека го доите и сакате да го спуштите, повторно ќе треба да го тргнете од градата итн.

Кога го тргате бебето од градата немојте да се обидувате да ја извлечете. Влечењето може да ја оштети нежната кожа на брадавицата и ареолата. Бебето може да ја гризне брадавицата за да го спречи извлекувањето, а тоа може да биде многу болно. Затоа е важно да научите како правилно да го тргнете бебето од градата.


Техника на тргање на бебето од градата

 

  1. Нежно ставете го вашиот прст од страна на устата на бебето. Поминете со прстот врз усните и непцата на бебето. Тоа ќе помогне да се испушти вакумот создаден помеѓу неговата уста и вашата града.
  2. Кога бебето ќе ја отвори устата тргнете ја градата.
  3. Додека ја тргате градата заштитете ја брадавицата со тоа што ќе го држите прстот помеѓу непцата на бебето. Тоа ќе спречи случајно каснување.