Лазење до градата, иницирање на рано доење
Секое новороденче кога ќе се стави на стомакот на мајката веднаш по раѓањето, има способност само од себе да ја најде градата и да одлучи кога ќе се случи првото доење. За најголемиот број на бебиња тоа се случува помеѓу 30 и 60 минути.
УНИЦЕФ и СЗО, како и научната заедница силно препрачуваат иницирање на доењето во првиот час по раѓањето. Постојат докази, кои укажуваат на тоа смртноста на бебињата во земјите во развој може да се намали за 22% доколку има рано иницирање на доењето. Бебињата на кои им е овозможен овој природен процес имаат многу поголеми изгледи за успешно доење.
На видето можете да видите еден прекрасен пример на "brest crawl" или лазење до градата.
Мирисот на течноста од брадавицата е сличен на мирисот на плодовата вода, па бебето на тој начин преку сетилото за мирис може да ја лоцира брадавицата и да го иницира доењето. Кога бебето ќе сфати дека во близина има храна почнува да лачи плунка и се упатува во вистинскиот правец.