Кога таткото ги краде трудничките симптоми
Бременоста освен убави, си носи и свои помалку пријатни нешта, но сето тоа е очекувано и се издржува кога ќе помислите на наградата која ќе ја добиете по деветмесечната авантура.
Сепак трудничките симптоми на таткото можеби се една од работите што не ги очекувавте. Кога вие имате главоболка или мачнини потребно ви е мир и тишина, а не истото тоа да го чувстува и вашиот сопруг. Но сепак, тоа не е реткост. Мажите понекогаш ги имаат симптомите на нивните бремени жени. Можеби дури си помислувате дека тој се преправа, но не. Состојбата си има дури и свое име: Кувадов синдром или сочувствителна бременост.
Најчести симптоми на Кувадовиот синдром се :
- Болка во стомакот
- Мачнини
- Повраќање
- Гасови
- Стрвување
- Проблеми со варење на храната
- Качување килажа
- Пролив или запек
- Проблеми со спиење
- Грчеви во нозете
- ... во основа сите симптоми поврзани со бременост.

Некои научници сугерираат дека се работи за психолошка состојба и дека има чисто психосоматска основа. Но всушност нема докази за тоа. Постојат студии кои покажуваат дека некои мажи искусуваат промени во нивото на хормони. Тоа може да биде последица на стресот од станувањето татко, тестостеронот може да опадне, а нивото на естрогенот - женски хормон да се вивне нагоре.
Можеби ќе ве иритира тоа што вашиот партнер ги искусува трудничките симптоми, но можете да најдете утеха во фактот дека тој навистина е чувствителен за она што го доживувате.
Се чини дека единствен лек е вашето породување. За негова среќа, тоа сепак ќе остане ваша работа.