Моцарт им помага на предвремено родените бебиња да зајакнат и да добијат тежина

Од: Твое Бебе on Четврток, 05/08/2010 - 22:35

Начници од Медицинскиот Центар во Тел Авив, 2 последователни дена им пуштале музика од Моцарт на предвремено родени бебиња во времетраење од 30 минути дневно. По слушањето на музиката бебињата биле помирни и трошеле помалку енергија, во споредба со бебињата од контролната група, кои не слушале музика. Кога пак трошењето на енергијата е помало на бебињата им требаат помалку калории за да растат и добиваат на тежина, што е особено важно за предвремено родените бебиња.

Јас сум детето

Јас сум детето кое не може да зборува. Често ме сожалуваш, го гледам тоа во твоите очи. Се прашуваш за колку сум свесен - Го гледам и тоа. Свесен сум за многу - Дали си среќна или тажна или уплашена, трпелива или нетрпелива, полна со љубов и желба, или пак само си ја извршуваш твојата должност кон мене. Се чудам на твојата фрустрација, знаејки дека мојата е многу поголема, затоа што не можам да си ги искажам потребите како што ти можеш.

Малата Ерин го држи прстот на мајка си

предвремно родено бебеКајли Џон знаеше дека роди девојченце со храбро срце и покрај тоа што бебето се роди во 24-та гестациска седмица. Малата Ерин го стегна прстот на мајка си и тоа траеше околу 1 минута, неколку дена откако беше родена.

Кајли вели "Тоа беше чудесен момент. Мојот сопруг Стивен го фати на камера. Како да ми кажуваше дека се држи за мене, ми кажуваше дека нема да се предаде".

Бог ми прати Ангел


Бог ми прати ангел,
имаше скршено крило.
Ја наведнав главата и се чудев
"Како можеше Бог да направи такво нешто?"

Кога Го прашав Отецот
зошто ми го прати ова дете мене,
одговорот доаѓаше,
Тој ми рече "Слушај и ќе видиш"

Моите деца сите се скапоцени,
и ниедно не е како некое друго.
Секое е за Мене посебно,
и намалото е најдоброто.

Бебето кое одби да умре

Ова е вистинска сторија за борбата и желбата за живот. Ребека Џонс (35) и нејзиниот сопруг Марк Џонс (36) биле пресреќни кога дознале дека по неколку годишни обиди Ребека повторно останала бремена. Тие веќе биле родители на шест годишно момче. Радоста уште повеќе се зголемила кога во десеттата седмица од бременоста дознале дека ќе добијат близнаци.

Дебелината носи зголемен ризик од спонтан абортус кај жените кои прават ин витро

Студија спроведена од англиски научници јасно покажала дека жените кои имаат покачена телесна тежина и се подложуваат на ин витро третмани имаат значително поголем ризик од спонтан абортус од оние со нормален индекс на телесна маса.

Pages

Designed by Antsin.com