Грижата за непцата може да спречи смртоносно згрутчување на крвта

Редовното миење на забите и чистење со забен конец може да спречи да се насоберат бактерии од типот Streptococcus. Ако овие бактерии навлезат во крвниот систем можат да предизвикаат големи штети врз здравјето на човекот.
Според една нова студија миењето на забите и чистењето со конец може да го спаси животот.
Иако долго време постоеше сомневање дека заболувањето на непцата може да предизвика срцеви проблеми, научниците немаа одговор на прашањето како тоа се случува.
Сега истражувачите од Универзитетот во Бристол велат дека за тоа се виновни механизмите на самоодбрана на бактериите во устата.
Кога бактериите ќе навлезат во крвниот систем преку непцата кои крварат, тие произведуваат протеин кој ги присилува тромбоцитите да се соберат и да ги заштитат бактериите со формирање на згрушоци од крв околу нив.
Водачот на студијата Проф. Howard Jenkinson вели: Кога тромбоцитите ќе се соберат заедно, тие целосно ги затвораат бактериите. Ова им овозможува заштитна обвивка не само од имунолошкиот систем, туку и од антибиотиците кои можат да се користат против инфекцијата.
За несреќа групирањето на тромбоцитите не само што ги штити бактериите, туку може да се создадат мали згрушоци од крв, израстоци на срцевите залистоци или воспаление на крвните садови што може да го блокира снабдувањето со крв на срцето и мозокот.
Проф. Jenkinson вели дека оралните бактерии можат да направат пустош, доколку редовно не се одржува хигиена на устата.
Лошата хигиена на устата може да доведе до крварење на непцата и да им овозможи на бактериите влез во крвниот систем, каде можат да предизвикаат згрутчување на крвта и тоа да доведе до срцеви заболувања.
Стрептококите вообичаено живеат во устата во заедници наречени биофилмови. Тие се виновни за таложење на забниот камен и заболувањето на непцата.
Бактериите стануваат уште поштетни кога ќе навлезат во крвниот систем.
Луѓето треба да бидат свесни дека освен внимавањето на исхраната, крвниот притисок и вежбањето, треба да одржваат добра дентална хигиена за да го минимизираат ризикот од срцеви проблеми.
- Кога таткото ги краде трудничките симптоми
- Видео: Масовно трудничко танцување за March of Dimes
- Во Британија е пуштен во продажба првиот домашен тест за проверка на плодноста кај мажите
- Кај мајките со пост-породилна депресија се пронајдени аномалии на мозокот
- Една минута подалеку од столчето може да го намали ризикот од срцев удар

