Бесоните ноќи водат до повеќе кавги

Нешто што е особено важно за новите родители, кога непроспиените ноќи стануваат чест придружник.

Психолозите од Беркли утврдиле дека после непроспиена ноќ има поголма веројатност дека партнерите ќе влезат во кавга еден со друг заради конфликти во врската.

Паровите кои се караат пак се помалку среќни и помалку здрави, вели Еми Гордон - водач на студијата. Таа уште додава дека нивната студија фрлила светло врз тоа како лошиот сон ја компромитира способноста на паровите да ги избегнат и менаџираат конфликтите.

Во еден од експериментите учествувале 78 млади возрасни луѓе кои биле во романтична врска и давале извештај во текот на 3 недели за квалитетот на нивното спиење и стресот во врската.

Ноќите со послаб сон биле поврзани со повеќе конфликти со романтичниот патнер следниот ден.

Во друг експеримент учествувале 71 пар, кои дошле во лабораторијата. Тие прво дале оценка за тоа како спиеле претходната ноќ, а потоа додека биле снимани разговарале со своите партнери за изворот на конфликти во нивната врска. Потоа секој од партнерите дал оценка за своите и за емотивните реакции на партнерот за време на конфликтната конверзација и дале проценка дали се решило несогласувањето.

Учесниците кои не спиеле добро изјавиле дека имале понегативни чувства еден кон друг за време на дискусијата. Исто така и способностите за разрешување на конфликтите и способноста да ги проценат емоциите на нивните партнери биле намалени после ноќ со лош сон.