Со здрава рутина на спиење до поголеми шанси за бебе
Жените кои сакаат да забременат можат драстично да си ги подобрат шансите ако спијат во текот на ноќта по 7-8 часа, покажува нова студија
Имањето на рутина, одењето во кревет и станувањето наутро во исто време исто така може значително да ги подобри шансите за забременување, тврдат научниците.
Оние жени кои предолго спијат или кои немаат доволно сон ги намалуваат своите шанси за бременост.
Според научниците сонот влијае врз нивото на хормони, кои пак влијаат врз плодноста.
Освен сонот, за зголемување на плодноста е многу важен животниот стил, вклучувајки ја исхраната, вежбањето и пиењето алкохол, кои исто така влијаат врз шансите за забременување.
Здравиот сон е важен за плодноста
Студијата вклучувала 656 жени, кои имале ин витро. Резулататите покажале дека оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа дневно имале 25% поголем успех во забременувањето од оние кои спиеле 9 или повеќе часа, а имале 15% повеќе шанси дека ќе забременат од оние жени кои спиеле по помалку од 7 часа.
Иако студијата се однесува на жени кои се обиделе да забременат со ин витро, научниците сметаат дека ноќниот сон од 7-8 часа ќе им помогне и на другите жени кои сакаат да станат мајки. Тие препорачуваат да се почне со здравата рутина на сон 3 седмици пред обидот за забременување.
Уште години наназад тие предупредуваа на важноста на имањето доволно сон за намалување на ризикот од срцеви болести, дебелина, некои видови на рак и деменција.
Др. Daniel Park и нејзините колеги од Универзитетот Иње во Јужна Кореја откриваат дека жените кои правеле ин витро и спиеле по 7-8 часа дневно имале 53% шанси за бременост, оние кои спиеле по 9 или повеќе часови имале 43% шанси за успех, а оние кои спиеле по помалку од 6 часа имале 46% успех.
Таа вели:
Луѓето мислат дека спиењето може да има само позитивни ефекти врз плодноста, но моето истражување покажа дека премногу спиење (повеќе од 8 часа) делува негативно врз плодноста.
Др. Hyan Shim, кој води клиника за ин витро смета дека премногу сон го подига нивото на пролактин, а позато е дека тој ја намалува плоднсота. Жените пак кои немаат доволно сон веројатно имаат зголемено ниво на хормони на стрес, како кортизол, кои исто има негативно влијание врз способноста за размножување.
Stuart Lavery, консултант за ин витро од Хамершмит болницата во Лондон вели дека е познато дека сонот и изложеноста на сонце имаат важна улога во репродуктивната функција кај животните. Но тој смета дека е прерано за да им се советува на жените кои сакаат да забременат да спијат по 7-8 часа.

