Како да ја убиете креативноста кај вашето дете

Децата се раѓаат како креативни гении, но за жал додека да стасаат до трето или четврто одделение нивната креативност веќе е прилично загубена и се намалува со секоја нова генерација во последните неколку децении. Каде грешиме?

Еве неколку работи со кои ефикасно ја убиваме креативноста кај децата.


Награди


Научните истражувања покажуваат дека наградите ги инхибирааат детското истражување и имагинација. Детето ќе вложи толку труд колку што е потребно за да ја добие наградата и нема да отиде подалеку. Наградите и налепниците го елиминираат задоволствтото од креативните активности. Сакаме децата да бидат ангажирани и мотивирани, а не само да имаат тетратки полни со ѕвездички.


Засенчување


Постојаното седење до детето и микроменаџирањето на неговите проекти ја уништува неговата креативност. Ако децата постојано се набјудуват и секогаш им се даваат совети, тие нема да научат да ризикуваат и нема да ја искусат вредноста на правењето грешки, како дел од процесот.


Ограничен избор


Ги ставаме децата во систем, кој ги почува: има само еден правилен одговор. Поголемиот број од играчките доаѓаат со инструкции и едвам им дозволуваме на децата да направат избор. Истражувањето на разните опции е срж на страничното размислување. Креативните деца се чувстуваат слободни да предложат алтернативно решение и се посклони да ја следат нивната радозналост.


Пренатрупан распоред


Организирани активности, работилници, социјални состаноци ... детските распореди никогаш не биле понатрупани. Толку сме зафатени со престимулирање на децата што забораваме да им дадеме време за најважниот стимулус, досадата. Досадата ја храни имагинацијата, а имагинацијата ги храни идеите и креативноста. Често велиме, потребно ми е да седнам и да не правам ништо за да ги наполнам одново батериите, а сепак тоа не го применуваме на децата. Токму во време кога правиме "ништо" ги добиваме најдобрите идеи.

Креативноста цути кога работите се прават за уживање. Она што е важно е задоволството, а не совршеноста. Ајде да заборавиме на "правилното работење" и да им дадеме на децата можност да истражуваат, да прават грешки и да превземаат ризици, да ја искусат слободата и да ги изразат нивните прекрасни идеи.

Designed by Antsin.com