Месец 1

Можеби ќе ви изгледа дека во првиот месец вашето бебе не е заинтересирано за ништо, освен за вашето млеко и спиење. Немојте да ве залаже, тоа како сунѓер ја впива вашата љубов и учи многу работи за себе и светот кој што го опкружува.



До крајот на првиот месец повеќето бебиња можат:
 

  • Да ја подигнат главата за кратко време додека лежат на стомак.
  • Да ја свртат главата на страна.
  • Можат да го фокусираат погледот на нечие лице и преферираат да гледаат во човечко лице во споредба со други форми.
  • Прават згрчени движења со рацете и можат да ги доближат до лицето.
  • Имаат силни рефлексни движења.
  • Реагираат на силни звуци.
  • Замижуваат на силна светлина.
  • Се вртат кон изворот на познати звуци.

 


Некои бебиња можеби ќе можат:

 

  • Да се насмевнат како одговор на вашата насмевка.
  • Да се смеат.
  • Да ја држат главата под агол од 45 степени.
  • Да ја држат главата исправена.

 

 

Прва недела

 

Вашето бебе е многу мало, но тоа веќе ќе испушта разни звуци за да ги изрази своите чувства, некои бебиња и ќе се смеат додека спијат. Возвратете му на неговото гугање и зборувајте му лице во лице, бебињата уживаат да гледаат во лицата на мајките.

Немојте да се се чувствувте глупаво затоа што користите бебешки јазик - бебињата се особено привлечени кон тој пискав начин на комуникација, преку кој вашето бебе ќе може учи за структурата и функцијата на јазикот.

Тоа што вашето бебе ужива кога му зборувате додека го гледа вашето лице, не значи дека нема да му се допаѓа  кога ви го слуша гласот од подалечно место во собата.

 

Вие:

Дури и кога сте најсреќната личност на светот заради новиот член на вашето семејство, нормално е понекогаш да имате и измешани чувства. Можеби не сте го замислувале бебето такво, особено родителите што имаат болни новороденчиња често имаат и чувство на разочарување и тага. Немојте да се осудувате заради тоа, тоа се нормални, човечки чувства, дозволете си мала тага, а потоа пребројте ги сите благослови.

 

Втора недела

 

Смеата е универзална. Бебињата во сите култури веќе се смеат во ова време, вашата грижа и труд ќе бидат богато наградени со светли насмевки од вашето бебе. Тие насмевки ќе ви го топат срцето дури и после непроспиена ноќ.

 

Трета недела

 

Бебето ќе почне да биде будно подолги периоди од денот, па можете тоа време да го искористите за подршка на неговиот сензорен развој. Пејте му ги вашите омилени приспивни песни и пуштајте му музика.

Не морате да се ограничите на детски песнички, пуштајте разни видови музика и гледајте како вашето бебе го покажува своето уживање со гримаси и движења на нозете и рацете.

 

Четврта недела

 

Време за игра. Играњето е совршен начин за вашето бебе да се запознае со светот и мистериите кои го чекаат таму. Вашето бебе ќе биде заинтересирано за играчките кои ќе ги поставите пред него. Иако бебето во ова време има силен стисок, тоа сеуште ја нема развиено координацијата рака - око, за да може да посега успешно по предметите пред него, таа вештина ќе ја развие дури во четвртиот месец.

Во оваа фаза од развојот вие ќе треба да ги ставите играчките во малите рачиња, а немојте да се изненадите ако омилената играчка за држење на вашето бебе е вашиот мал прст.

Бебето ќе почне да го истражува и своето сопствено тело. Првите делови кои ќе ги открие ќе бидат неговите раце и стопала.

Охрабрете го неговиот интерес да го истражува своето тело преку игра, со тоа што ќе му ги држите рачињата над него и ќе го прашате колкаво е бебето?  или ќе ги броите прстињата заедно со него. Се разбира дека тоа нема да ве разбере, но ќе ужива во бебешкиот тон на вашиот глас. Обидете се да ги движите неговите раце пред неговото лице за да може во исто време да ги гледа и чувстува.

 

Можеби ќе ве интересира:

Како до поголемо количество млеко

Грчеви кај бебето

Жолтица кај бебето

Колку спијат бебињата
 

 

Следен месец